Стојаноски: Граѓаните покажаа легитимна реакција, ова е сигнал трговците да ги почитуваат договорите

January 31, 2025
1 min read

Вечерва на „Тема на денот“ на Сител телевизија гостуваше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој ја изнесе поддршката за граѓаните, нагласувајќи дека нивната реакција против монополистичките пракси е легитимна. Тој посочи дека по најавата за бојкот започнаа акции за поефтинување, што покажува дека има простор за намалување на цените. Користејќи го примерот на Хрватска, каде бојкотите значително го намалуваат прометот, Стојаноски смета дека ова е сигнал за трговците во земјава да ги почитуваат договорите и интересите на граѓаните.

„Ние ги поддржавме граѓаните бидејќи сметаме дека тоа што го направија е легитимно, бидејќи однесувањето на одредени трговски поединци преку формирање на монополистички и непопуларни политики води кон лоповлук“, изјави Стојаноски.

Стојаноски истакна дека трговците не ги почитуваат договорите, но граѓаните покажале став кој веќе се слуша.

„Се служат со трикови, не ги почитуваат договорите. Ќе се договориме или ќе наметнеме мерки, но тие не го почитуваат тоа. Граѓаните со ова покажаа став кој што сметам дека почнуваат да го слушаат“, додаде Стојаноски.

Стојаноски истакна дека по најавата за бојкот започнаа акции за поефтинување, што покажува дека има простор за намалување на цените.

„Може тоа да го поделиме и да го разгледаме во две насоки. Прво, веднаш по најавата за бојкот започнаа акции за поефтинување во маркетите, што укажува на тоа дека има простор за намалување на цените ако се сака. Видовме попусти од 15%, некои поени на картички и слично, кои во моментов не се значајни, но постои простор за намалување на цените и тоа е јасно. Второ, во тие маркети работат луѓе кои можат потенцијално да ги видат ризиците кои им се закануваат на нивните бизниси“, рече Стојаноски.

Стојаноски посочи дека бојкотите во Хрватска го намалуваат прометот за 50%, а во индустријата за 36%, што може да биде пример и сигнал за оние кои не ги почитуваат договорите да се променат.

„Ако ги земеме земјите околу нас, конкретно Хрватска, прометот на пари е намален за 50% во периодите кога има бојкот, а во целокупното стопанство во индустријата прометот на пари само во еден ден, додека трае бојкотот во маркетите, е намален за 36%. Можеби ова е соодветен начин да им се испрати порака. Јас сметам дека ова може да биде еден од конечните акти за тие луѓе да се разбудат за тоа што го прават“, заклучи Стојаноски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓурчевски во Аргумент плус: Потребни се повеќе полициски контроли по улиците за да немаме незгоди со смртни последици

Следно

Другарката на Фросина, Вера: Девојка со бескрајна позитивна енергија, која го претвораше светот во место полно со бои и радост

Latest from Blog

Проданоски: Херојството од „Диво Насеље“ никогаш нема да биде заборавено

Со длабока почит денеска беше положено свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Ненад Серафимоски, најмладиот припадник на специјалната антитерористичка единица „Тигри“, кој на 9 мај 2015 година го загуби животот во настаните кај

Средношколец од Прилеп 4 години лажно се претставувал како наставник

Прилепската полиција поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат“. Пријавениот, лажно претставувајќи се како наставник по англиски јазик во

Исто како и лани: Ал-Келаифи повторно ќе води 500 вработени во ПСЖ на финалето во ЛШ!

ФОТО:.facebook.com/PSG/ Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, уште еднаш ја демонстрираше својата дарежливост со гест достоен за восхит. Тој одлучи да ја повтори својата иницијатива од минатата година и да награди

Комуналец – Прилеп: Во тек е санација на клупите во населбата Точила

Во прилепската населба Точила во тек се активности за санација на оштетените клупи, каде Јавното комунално претпријатие ЈКП Комуналец Прилеп ги заменува искршените и откорнати штафни на клупите поставени за одмор и
Go toTop