Туристичките приходи на Туркије достигнаа нов рекорд од 61,1 милијарда долари во 2024 година

January 31, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туристичките приходи на Туркије во 2024 година се зголемија за 8,3 отсто во споредба со претходната година, достигнувајќи рекордни 61,1 милијарда долари, соопшти Турскиот статистички институт денес, јавува Анадолу.

Во 2024 година Туркије ја посетија 62,2 милиони туристи, што претставува зголемување од 9 отсто во однос на 2023 година.

Просечните трошоци по турист во 2024 година изнесуваа 972 долари, а просечните дневни трошоци беа 97 долари.

Најголем дел од туристите (64,9 отсто) ја посетија Туркије поради „патувања, забава, спортски и културни активности“.

Бројот на турски граѓани што патувале во странство, исто така, се зголеми за 2,9 отсто на годишно ниво, достигнувајќи 11,4 милиони.

„Нашите туристички приходи ја надминаа целта поставена во Среднорочната програма од 61,1 милијарда долари за 2024 година и достигнаа највисоко ниво во нашата историја“, изјави турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз на социјалната мрежа X.

Јилмаз нагласи дека бројот на туристи што ја посетиле Туркије минатата година ги надминал очекувањата.

„Туризмот ја оживеа економијата, придонесе за балансиран економски раст, обезбеди работни места за многу луѓе, особено за младите, а одигра и значајна улога во намалувањето на тековниот дефицит преку приливот на девизи“, рече тој.

Тој додаде: „Очекуваме сите овие позитивни ефекти да продолжат и во 2025 година, кога цел е туристичките приходи да достигнат 63,6 милијарди долари.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Карабатиќ: Една од подобрите атмосфери во кои сум играл, Хрватска може се’ да им направи на Данците

Следно

Во Битола регистрирани зачестени интернет измами преку социјалните мрежи

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop