Италија: Блокиран пристапот до кинеската апликација за вештачка интелигенција „ДипСик“ поради загриженост за приватноста

January 31, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Италијанската Агенција за заштита на податоците (ГПДП) вчера го блокираше пристапот до кинеската апликација за вештачка интелигенција (ВИ) „ДипСик“ (DeepSeek), со цел заштита на податоците на корисниците во земјата, јавува Анадолу.

Регулаторното тело, исто така, им наложи на компаниите Хангжу ДипСик ВИ и Пекинг ДипСик ВИ, кои стојат зад услугата за виртуелен асистент, веднаш да престанат да ги обработуваат податоците на италијанските корисници.

Одлуката беше донесена по процената на компаниите за тоа какви лични податоци собираат и која е правната основа за нивно собирање.

„Наредбата за ограничување – донесена за заштита на податоците на италијанските корисници – следува по денешната комуникација со компаниите, чија содржина беше оценета како целосно незадоволителна“, соопшти вчера Агенцијата за заштита на податоците.

Покрај ограничувањето на обработката на податоци, ГПДП започна и формална истрага за кинеската технолошка стартап компанија „ДипСик“.

Овој потег е сличен на истрагата што ГПДП ја отвори во март 2023 година за американската компанија ОупенАи со нејзиниот „ЧетЏПТ“ (ChatGPT), кој исто така се соочи со привремени ограничувања поради слична загриженост за приватноста.

„ДипСик“ го претстави својот нискобуџетен, отворен модел ДипСик-Р1 на 20 јануари.

Моделот, развиен со помалку чипови, претставува предизвик за доминацијата на Западот во областа на вештачката интелигенција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чибишев за фармацевтската мафија: МВР многу е раздвижено, верувам дека нешто ќе се случува во иднина

Следно

Нејмар за враќањето во Сантош: Како да сум во временска машина!

Latest from Blog

Се откажуваат летови, концерти и натпревари- силно невреме пустоши низ источниот брег на САД (ВИДЕО)

Летови, фудбалски натпревари и големи концерти се откажани, бидејќи милиони жители се подготвуваат за уште потешки временски услови во текот на викендот. Бурата ги погодува Њујорк, Њу Џерси, Масачусетс, Конектикат и Род

Меџити: Одлуките секогаш ги носевме заедно, така ќе продолжиме

Ко-претседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека одлуките во досегашното политичко дејствување ги носел заедно со своите соработници и поддржувачи, истакнувајќи дека заеднички стоеле зад принципите и

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал
Go toTop