Чибишев за ужасот на Онкологија и извештаите кои НЕ го оправдуваат Филипче: Граѓаните се чувствуваат јадосани

January 30, 2025
3 mins read

Не верувам дека менаџерите не добивале извештаи и не виделе што се случува на клиниката за Онкологија. Не верувам дека не направиле безброј консултации со надредените, со Министерство за здравство каде што има одговорни за болничка здравствена заштита, министер, заменик-министер, државен секретар – има со кого да се разговара. Да им се изнесат одредени сознанија кои ние сме ги приметиле додека работиме, но можно е ние во тој момент да не сме моќни да ги решиме. Затоа постојат тие институции, да побараме помош, контрола. Па да видиме веднаш тоа да прекине, да се санкционираат и да се продолжи како што треба според законот, стандардите и протоколите. Но тоа не е правено и ние не знаеме колку години тоа така си течело.

Ова во „Наткаст“ на КУРИР со Љупчо Цветановски го истакна доктор Андон Чибишев, директор на клиниката за Токсикологија.

-Имаше информации дека не се давале лекарства туку се давале празни инфузии. Имаше информации дека лекови се давале „под рака“, им се продавале на пациентите во маката. Јас сум верник, јас не знам како тие луѓе не се плашат од Господ. На некој на кој што животот му зависи од одреден лек, од терапија или третман, ти да го уценуваш надвор од прописите, надвор од законските одредби, да бараш дополнително да бидеш награден затоа што човекот има мака и ако треба ќе земе кредит, ќе се задолжи, сè ќе направи само да го добие лекот кој што му е потребен во моментот за да си го продолжи животот и да си го спаси животот, рече Чибишеб.

Состојбата Чибишев ја нарече „Непријатна и грозна ситуација која сите нè вознемири“, а еден од големите проблеми кои ги истакна е тоа што уште нема епилог.

-На многу несмасен начин, не знам кој го прави планот како треба да се настапи во јавноста, за одредена многу сензитивна тема, во која целата јавност ги има вперено очите, од 100 луѓе кои те гледаат кога го зборуваш тоа можеби 50 не те слушаат, меѓутоа 50 те слушаат од кои 10 многу внимателно и го анализираат тоа штоп го зборуваш. Не можеш ти да кажеш дека имало извештаи „еве ги“. Прво ние не знаеме што се тие листови, дали се извештаите? Втора работа, зошто Анкетната комисија делегирана од највисокиот орган во државата Собранието, не ги добила? Дајте тогаш да ги викнеме тие што ги направиле извештаите, а на барање на највисокиот орган не им ги доставиле, да ги прашаме зошто, истакна докторот.

Чибишев оцени дека Филипче не може да се оправдува со извештаи бидејќи тој како министер требал да биде информиран за состојбите.

-На врвот на хиерархијата, во едно министерство е министерот. Точно е дека министерот не може да ги следи сите случувања во неговиот ресор. Меѓутоа министерот има тим којшто е задолжен и зема плата за да ги следи сите случувања во ресорот и да го информира министерот. Јас сум работел во Министерство за здравство, како функционер, како државен секретар и знам дека секое утро јас сум одел на едно кафе со министерот и сум го информирал на дневна основа за сè што се случило во претходниот ден. Министерот е политичко лице кое што можеби во текот на денот ќе има 10 настапи на медиуми, ќе има посети, ќе се сретнува со граѓани и нема време тоа да го следи. Меѓутоа ако министерот не бара да го информираат, тие околу него можат да сфатат дека не треба да го информираат. Тоа не е оправдување. Ништо, според мене, не може да ги оправда. Ништо! Треба да наведнат глава и да кажат: „Да, ние не водевме сметка, не направивме контрола, не се грижевме доволно. Затоа ни се случи и ние длабоко му се извинуваме на овој народ што тоа ни се случило“. Иако сметам дека извинувањето ништо не им значи на оние кои во меѓувреме си ги изгубиле најблиските. Човечки е ако си направил грешка, да се извиниш. Дали ќе сносиш санкции, дали ќе имаш одговорност или нема да имаш, тоа е друго прашање. Меѓутоа извинувањето и простувањето е една од најдобрите особини на една здрава личност, рече Чибишев.

Докторот во „Наткаст“ вели дека извештаите кои Филипче ги пласира пост-фестум не можат да бидат оправдување  и дека граѓаните се чувствуваат јадосани.

-Чудни работи се случуваат кои се несфатливи за мене, кој долго го работам здравството ич не се сфатливи. Меѓутоа и за обичните граѓани кои ги сретнувам на улица и кои го коментираат тоа, луѓето се јадосани. Еве таков збор ќе употребам. Јадосани се до крај зошто сè уште нема епилог на сите тие случувања. Можеби епилогот ќе нè доведе на една нулта состојба  и да почнеме да се движиме нагоре. Инаку ние уште сме ни таму, ни ваму. Не знаеме што се случувало точно. Не се посочени до крај сите виновници, истакна Чибишев.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Хрватските „КАУБОИ“ ги „приземија“ моќните француски „МИРАЖИ“

Следно

ОЈО Скопје со детали за несреќата на „Партизанска“: Возел под дејство на алкохол, немал возачка дозвола и поминал на црвено

Latest from Blog

Папата Лав Четиринаесетти наполни 70 години

Официјална свеченост по повод роденденот на папата не е предвидена во Ватикан. Во својата традиционална неделна молитва Лав Четиринаесетти денеска му се заблагодари на Бог, на своите роднини и на сите кои

Андрулакис: Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за Грција

Политичката промена за Грција поминува преку пораз на денешната Влада, преку пораз на Нова демократија. Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за земјата, нагласи лидерот на грчката опозициска

Селта се спаси од пораз на домашен терен

Со гол постигнат во втората минута од судиското продолжение, тимот на Селта предмалку се спаси од пораз на свој терен во дуелот против Џирона, кој што заврши со конечен резултат од 1:1.

На 46-години почина легендарниот боксер Рики Хатон

Трагична вест пристигнува од Манчестер, каде утрово е пронајден мртов Рики Хатон, една од најголемите британски боксерски легенди. Безживотното тело на 46-годишниот Хатон било пронајдено во неговиот дом во Хајд, во реонот

Мицкоски ја посети „Дрисла“: Ситуацијата е стабилна

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети депонијата „Дрисла“. – Денеска ја посетив Дрисла, каде што се уверив дека пожарот е целосно локализиран и ставен под контрола. Благодарение на навремената интервенција на службите,
Go toTop