Претставникот на Трамп за Блискиот Исток вели дека обновата на Газа може да трае 10-15 години

January 30, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, денес изјави дека обновата на Појасот Газа може да трае 10-15 години, нагласувајќи го огромниот степен на уништување предизвикано од немилосрдното бомбардирање на Израел во последните 15 месеци, јавува Анадолу.

Виткоф, кој беше во посета на Блискиот Исток, го опиша разорувањето како огромно.

„Речиси не е останато ништо од Газа“, изјави тој за веб-страницата „Аксиос“. „Луѓето се движат кон север за да се вратат во своите домови и да видат што се случило, за да се свртат назад и да си заминат…нема вода и струја. Зачудувачки е колкава штета е предизвикана таму.“

Виткоф, инаку по професија инвеститор и претприемач на недвижнини, процени дека само расчистувањето на урнатините може да потрае пет години, а дополнително време е потребно за да се проценат подземните тунели пред да започне обновата.

„Постои перцепција дека можеме да дојдеме до солиден план за Газа за пет години. Но, тоа е невозможно. Ова е план за обнова кој ќе трае од 10 до 15 години“, рече тој.

Виткоф вчера пристигна во Израел каде се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а потоа ја посети Газа.

Денес, тој се сретна со израелскиот министер за финансии, воедни и лидер на крајно десничарската партија Верски ционизам, Безалел Смотрич.

Првата шестнеделна фаза од договорот за прекин на огнот во Газа стапи на сила на 19 јануари, прекинувајќи ја геноцидната војна на Израел, во која од 7 октомври 2023 година загинаа над 47.400 Палестинци, повеќето жени и деца, од прекуграничниот напад на Хамас.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Перински: Имам амбиција да бидам градоначалник и многу визии, на Скопје му треба стратегија за следните 20 години

Следно

Хрватските „КАУБОИ“ ги „приземија“ моќните француски „МИРАЖИ“

Latest from Blog

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар

Собранието не ја поддржа интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица. По завршувањето на расправата, од вкупно 77 пратеници што гласаа, 58 беа против, а 19

Турците побараа да се повтори натпреварот против Парагвај – причината е комична!

Фото: https://www.tff.org/ По два натпревари, Турција, сосема изненадувачки, се збогува со Светското првенство. Неочекуваните порази од Австралија (2:0) и Парагвај (1:0) и покрај доминацијата, предизвикаа бунт во оваа земја и се бараат

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете
Go toTop