Перински: Имам амбиција да бидам градоначалник и многу визии, на Скопје му треба стратегија за следните 20 години

January 30, 2025
1 min read

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, рече дека има амбиција да биде иден градоначалник на Скопје.

Тој во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва рече дека е убеден дека идниот градоначалник ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавно ја искажав мојата амбиција за градоначалничкото место, но сепак, треба да му дадеме шанса на времето. Јас верувам дека предлогот кој ќе се даде од Мицкоски до извршните тела ќе биде најсодветното решение, и убеден сум дека тој предлог ќе биде идниот градоначалник на Скопје. Уживам во она што го работам, се трудам да го дадам максимумот, но сигурно дека градоначалничкото столче би ми било голем предизвик“, рече Перински.

Перински кажа дека има многу визии за главниот град.

„Имам многу визии за Скопје, ако почнеме ќе ни требаат три емисии, но Скопје го зафати едно сивило и одамна немам видено насмеани лица“, рече Перински.

Министерот дополни дека на Скопје не му се доволни четири години планирање за да се среди, туку за стратегија за идните 20 години.

На крајот од емисијата Перински објасни зошто Скопје не може да има трамвај.

„Тешко може да се направи трамвај, бидејќи е безплански развивано во централното градско подрачје. Но, има и многу други фактори“, изјави Перински.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Институтот за социологија, контра Јаневска: Нацрт-концепцијата ја девалвира социологијата

Следно

Претставникот на Трамп за Блискиот Исток вели дека обновата на Газа може да трае 10-15 години

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop