ПОЧИНА ПЕЈАЧКАТА И АКТЕРКА МAРИAН ФЕЈТФУЛ

January 30, 2025
1 min read

Англиската пејачка и актерка Мaриaн Фејтфул почина на 78 години, изјави нејзиниот портпарол.

Со длабока тага соопштуваме дека почина кантавторката и актерка Мaриaн Фејтфул. Таа почина мирно во Лондон денеска, во друштвото на нејзиното сакано семејство“, стои во соопштението.

Со дискографија која опфати поп-хитови од 1960-тите, синтпоп и соработки со Ник Кејв, Лу Рид, Ворен Елис, „Металика“ и други, Фејтфул беше обожавана меѓу фановите и колегите музичари, но и во светот на модата и филмот. Таа исто така се прослави како девојка на Мик Џегер во 1960-тите и успеа да ја воскресне кариерата по тешки времиња во 1970-тите.

Родена во Лондон, Фејтфул ја почнала музичката кариера откако го запознала менаџерот на „Ролинг стоунс“ во 1964, кој ги замолил Џегер и Кит Ричардс да го напишат нејзиниот прв сингл „As Tears Go By“, кој влезе во топ-10 на британската топ-листа. По уште неколку хитови, Фејтфул почнала да глуми во филмови, снимајќи со Ален Делон, Орсон Велс, Ана Карина и Гленда Џексон.

Поради врската со Џегер ѝ се распаднал првиот брак, при што често беше опишувана како муза на „Ролинг стоунс“.

Откако скандали и зависноста од тешки дроги ѝ го нарушија угледот, Фејтфул направи голем музички камбек во 1979 со албумот „Broken English“, за кој беше номинирана за Греми. Во 1985 целосно се откажа од дрогите и потоа продолжи редовно да издава албуми и повремено да снима филмови. Во кариерата објави 21 албум.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Без возачка и пијан поминал на црвено и ја прегазил 22-годишната девојка на „Партизанска“

Следно

Наместо притвор, судот одлучи 20-годишникот кој ја прегази Фросина да оди во поправен дом Тетово, третирајќи го како помлад полнолетник

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели
Go toTop