Патнички авион и воен хеликоптер се судрија над Вашингтон – со нуркачи се трага по преживеани

January 30, 2025
2 mins read

Неколку минути пред да слета, патнички авион се судри со воен хелихоптер над Вашингтон. Несреќета се случи непосредно пред леталото на компанијата Американ ерлајнс, кое превезувало 60 патници и четири члена на екипажот од градот Вичита, да се приземји на аеродромот Роналд Реган во престолнината на Соединетите американски држави.

По судирот двете летала паднаае во реката Потомак. Повеќе од 20 лица веќе се извечени од реката а службите за итна помош, не очекуваат некој да ја преживеал несреќата. Пронајдена е и една од црните кутии на авионот.

– И покрај сите напори, дојдовме до момент кога операцијата од потрага по преживеани се менува во потрага по телата на сите патници. Во овој момент,  не веруваме дека има преживеани. Досега пронајдени се 27 патници од авионот и еден од хелохоптерот. – Џон Донели командир на противпожарната бригада и службата за итни случаи.

Камерите од Центарот „Кенеди“, кој се наоѓа во непосредна близина на реката Потомак, го снимиле моментот на несреќата на кој се гледаат два осветлени објекта како летаат еден кон друг. Веднаш после судирот настанува експлозија и леталата паѓаат во реката. Според податоците, авионот во моментот на судирот се наоѓал на височина од околу 120 метри. Според преставници на американската армија, тројца војници биле во хеликоптерот, кој изведувал тренинг лет.

– Не е невообичаено цивилното и военото воздухопловство да имаат слични рути, особено кога станува збор за воздушниот простор околу Вашингтон. Сите работи се до моментот на несреќата се одвиваа по стандардна процедура. Но очигледно, тука се случи нешто погрешно. – Шон Дафи секретар за транспорт на САД.

Членови на семејствата на патниците веќе се собираат пред аеродромот во исчекување на повеќе информации. Они пак кои се затекнале таму за време на несреќата велат дека се се случило за неколку минути.

– Работите изгледаа нормално. Одеднаш се слушна известување за запирање на сета работа на аеродромот, дека нема да има полетување и слетување. И тогаш почнавме да гледаме многу возила за итни случаи како се упатуваат кон реката. Почнаа гласини дека паднал авион во реката. Дури тогаш почнавме да ја сфаќаме тежината на ситуацијата. Кога летовите доцнат, луѓето се вознемируваат. Но, немаше никој да се вознемири затоа што мислам дека сите прилично брзо ја сфативме големината на она што се случи. Терминалот стана прилично тивок. – Марк Полонкарц.

Истрагата сега треба да утврди како патнички авион опремен со најсовремена технологија и контролна кула во близина, се судри со воен хелихоптер над главниот град. И американскиот претседател Доналд Трамп, праша како можела да се случи несреќата.

– Хеликоптерот се движел директно во авионот подолг временски период. Јасна ноќ е, светлата на авионот блескаа, зошто хеликоптерот не се качил или спуштил или не се свртел. Зошто контролната кула не му кажа на хеликоптерот што да прави наместо да праша дали го виделе авионот. Ова е лоша ситуација која изгледа дека требаше да се спречи. – Доналд Трамп претседател на САД.

Од Федералното истражно биро соопштила дека досега, немаат откриено докази кои наведуваат дека би можело да станува збор за криминал или терористички напад.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија продолжува да го губи населението, се повеќе млади се иселуваат од земјава

Следно

Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop