Македонија продолжува да го губи населението, се повеќе млади се иселуваат од земјава

January 30, 2025
1 min read

Продолжува одливот на население од земјава. На удар најмалите гратчиња во кои остануваат да живеат само пензионерите.Таков е примерот со Македонски брод, од година во година ова место се повеќе се испустува, услови за младите нема па тие иднината си ја бараат надвор.

Но, се иселуваат и цели фамилии од Поречкиот крај кој е најиселен во земјава – не гледаат перспектива тука, нема фабрики, нема работа .Се се сведува на политика и партиски вработувања велат жителите на Брод.

 

Ваквата слика за жал се повторува во сите други градови низ државава. Бројките на иселени деца и млади последниве години е алармантна. Таков е примерот со Куманово каде вкупно 174 ученици од основни и средни училишта се отпишале на крајот на првото полугодие, се отселиле во странство или во друг град во земјава.

Просветните работници велат државата мора многу сериозно да се посвети на проблемот со одливот на млади и квалитетни мозоци, да ја искорени корупцијата но и да ги приближи или изедначи работните услови со државите од регионот инаку миграциите во иднина ќе бидат уште поинтензивни.

 

Податоците на Заводот за статистика покажуваат дека Македонија во последните седум години изгубила 17.000 ученици низ сите училишта во земјава.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Низ турскиот воздушен простор изминатата година реализирани 2,3 милиони летови

Следно

Патнички авион и воен хеликоптер се судрија над Вашингтон – со нуркачи се трага по преживеани

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop