Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог

January 30, 2025
2 mins read

Се трудиме да ги изгаснеме огновите кои сме ги наследиле и со стратегија да ги подобриме состојбите, а веќе од понеделник ќе се обезбедат сите лекови кои недостигаат за терапија на онколошките пациенти, рече министерот за здравство, Арбен Таравари во одговорот на пратеничкото прашање од Тони Јаревски на денешната собраниска седница кој побара одговорност за состојбите во кои западнало јавното здравство и проблемите во универзитетската клиника за онкологија. Таравари вината ја префрли на претходното раководство и остро ги критикуваше настапите на опозициската СДСМ поврзани со „случајот“ Онкологија.

– Јас не знам како министерот Филипче има лице и кредибилитет да излезе и да критикува за нешто што во неговиот мандат беше најголем скандал во министерството за здравство во последниве 3-4 години. Тоа што настана во Онкологија е скандал пар екселанс и мене ми е жал што сè уште нема едно судско решение. Во меѓувреме ние се трудиме таму да ги решиме работите и лековите да не се земаат на реверс, рече министерот Таравари.

Тој напомена дека порано лековите на Онкологија кои чинеле многу не се набавувале според процедури и како што напомена таа практика ќе биде прекината.

Министерот за здравство Арбен Таравари на пратеничко прашање изјави дека промената на Уставот за одблокирање на евроинтеграциите на земјата, било една од точките на договот со коалицискиот п

– Биолошката терапија е многу скапа. Не може да ја препише лекар кога ќе му текне, треба да има конзилиум на лекари кои ќе кажат дека тука е индицирано и треба да се земе таа терапија. Зошто? Ова е скапа терапија што ја плаќаме од државниот буџет и треба да ја земат тие случаи кои имаат потреба. Интервениравме и денес, неколку од тие онколошки лекови се на Клиниката за онкологија. Други утре ќе ги донесеме, бидејќи на дистрибутерите им треба време, а некои в понеделник. В понеделник ќе бидеме 100 отсто комплетирани, рече министерот Таравари.

Според него преземени се мерки за злоупотреби на скапите лекови, да се продаваат или даваат таму каде што нема потреба од биолошка терапија и напомена дека се работи на регистар на сите пациенти кои имаат потреба од вакви лекови или се третираат со вакви лекови. Тој во одговорот на пратеничкото прашање наброја што сработиле како Влада и напомена дека меѓу првите задачи било решавањето на проблемот со гасната станица на хирургија, болницата во Штип, барањата на синдикатите за повисоки плати и дополнување на позитивната листа на лекови.

Таравари најави дека во тек е решавањето на прашањето со вработените на дело (околу 1.500), а за, како што рече 1.200 ќе се решат наскоро.

– Здравствените институции ги менуваат систематизациите, за да ги адаптираат и да објават конкурс и тоа да помине административно. Од премиерот има дозвола до крајот или средината на март, јас мислам дека ќе се реши овој проблем, рече Таравари.

Првиот човек на македонското здравство посочи дека се работи на стратегија, среднорочно и долгорочно решение на здравството. За плановите и инвестициите во Министерството тој наброја неколку проекти за подобруваме некои оддели, Дигестивна, Урологија, Ургентниот центар во Клиничкиот центар, за болниците во Кичево и Штип, за болницата во Струмица и Св. Еразмо, за доопремување на болниците во Гостивар и Тетово.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жестока расправа денеска во Собранието на седницата за пратенички прашања

Следно

Со математика и физика наместо со етика и логика ќе се поттикнува критичкото мислење кај децата, смета министерката Јаневска

Latest from Blog

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,
Go toTop