ЕК планира тужби против членките на ЕУ што нема да ги спроведуваат мерките за намалување на бирократијата

January 30, 2025
1 min read

Европската комисија планира да преземе правни мерки против земјите членки на ЕУ кои нема да ги спроведуваат правилата и политиките за намалување на бирократските процедури и регулаторниот товар за компаниите, што ќе бидат договорени на ниво на блокот. 

Ваквиот план за покренување „прекршочни постапки“ против „непослушните“ земји членки се содржи во документот насловен „Поедноставна и побрза Европа“.  

„Прекршочните постапки“ се инструмент врз основа на кои ЕК ги тужи членките на Унијата пред Европскиот суд на правдата поради непочитување на легислативата на ЕУ, откако претходно ќе бидат искористени сите други правни механизми. Во моментов во тек се околу 1500 вакви постапки покренати од Еврокомисијата. 

– Комисијата ќе им даде приоритет на прекршувањата со најголемо влијание врз интересите на луѓето и бизнисите… и нема да се двоуми да го упати случајот пред Судот на правдата на Европската Унија, барајќи финансиски санкции таму каде што тоа е законски можно, се наведува во документот во кој увид имал бриселскиот портал „Еурактив“. 

Во документот, исто така, се наведува дека Комисијата ќе побара од земјите членки да и достават „проактивни измени“ на нивните стратегии за намалување на бирократијата, како надополнување на дерегулаторниот Патоказ за имплементација или на нејзиниот Акциски план за ова прашање. 

Во документот се предвидува и секој еврокомесар два пати годишно да одржува „дијалози со клучните страни засегнати од политиките на ЕУ“, како бизнисите и невладините организации, со цел да се обезбеди што е можно поголема усогласеност на земјите членки со европското законодавство и да се утврдат дополнителни можности за поедноставување и намалување на административниот товар. 

Информациите за ваквиот документ доаѓаат во време кога ЕУ е под засилен притисок за скратување и поедноставување на административните процедури за компаниите, со цел да се зајакне економија на блокот и да се спречи нејзино заостанување зад Кина и САД. 

Во рамки на „Компасот за конкурентност“ што Еврокомисијата го промовираше вчера, меѓу другото, се предвидува и план за „намалување на бирократијата на ЕУ во досега невидени размери“, со цел рационализација на регулативите, скратување на бирократските процедури и зголемување на флексибилноста. 

– Враќањето на конкурентноста на Европа бара да се отиде многу подалеку од досега во намалувањето на бирократијата. Сите европски, национални и локални институции мора да вложат напори без преседан, за да ги поедностават правила и да ги забрзаат административните процедури, се наведува во документот. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Загина 22-годишна девојка откако во неа удри автомобил на „Партизанска“

Следно

Единаесет лица повредени во пожар во студентски дом во Љубљана

Latest from Blog

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,

Далиќ започна на блескав начин како селектор на ОАЕ

По речиси една деценија брилијантно водење на хрватската репрезентација, Златко Далиќ одлучи да замине во Азија, каде што ја презеде селекцијата на Обединетите Арапски Емирати. Синоќа тој дебитираше за новата репрезентација и
Go toTop