Пешевски во Отворено: Бојкотот е прв чекор, државата треба да воведе поголеми казни за непочитување на Законот за нефер трговски практики

January 29, 2025
1 min read

Иван Пешевски од Сојузот на Синдикати на Македонија во Отворено рече бојкотот е првиот чекор со кој би се направиле промени. Според него, државата наместо да поддржува бојкоти потребно е да реагира и да казнува со цел соодветно да се регулира пазарот.

„И во минатото сме повикувале и на протести и на штрајкови и сега повикуваме да се бојкотираат одредени маркети, повикуваме да се бојкотира само во петок ако не се сменат работите ќе продолжиме со повеќедневен бојкот на одредени маркети. Решението е да бојкотираме тука а не да пазариме во странство“, рече Пешевски.

Тој рече и дека државата треба да застане во одбрана на граѓаните и да почне да делува строго. Според него казните за непочитување на Законот за нефер трговски практики се миинимални во споредба со приходите.

„Ако навистина им се даде налог на инспекциите сметам дека ќе ја завршат работата но дали се тоа само мерки или политички изјави, ќе видиме.  До денес немало некои мерки со кои ќе се заплаши некој. Синџиирот ќе се сведе на тоа дека државата треба да биде поригорозна за да видиме дека некој ќе ја плати казната како тоа што го прави народот постојано. Животот и стандардот е прескап и немаме друг избор.Треба да се стрпи народот, да покаже жолт картон“, додаде Пешевски.

Тој објасни и дека зголемувањето на платите и пензиите за неколку илјади не е причина за инфлацијата бидејќи како што објасни тој, разликата на цените од 2010 до 2020 е огромна а платите не се покачени доволно.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турски и руски официјални претставници во Анкара разговараа за регионални прашања

Следно

Мицкоски забрзано ги полни амбасадите со партиски кадри

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop