Ванда Нара: Икарди и Макси Лопез уште не можат да се поднесат!

February 22, 2023
1 min read

Една од најпопуларните фудбалски сапуници, веројатно уште долго ќе ги скокотка насловните страници, штом некој од актерите во „љубовниот тријаголник“ добие светло под медиумските рефлектори. Мауро Икарди, Ванда Нара и Макси Лопез беа интересни пред една деценија, но дека уште може да ја разбрануваат јавноста покажа русокосата Ванда, синоќа во интервју на Раи-2.

Таа зборуваше за себе како жена фудбалски агент, но се разбира дека неодминлива тема беше тријаголникот со поранешниот сопруг Макси Лопес и актуелниот сопруг, Мауро Икарди. Девет години откако го остави едниот, за да почне врска со другиот, Ванда кажа дека тие уште не се мирисаат.

„Имам добри односи со Макси Лопез сега, но тој и Икарди не можат да се поднесат“, рече 36-годишната Аргентинка.

Неодамна избија гласини дека и неа ја снашла слична судбина, како што онаа што таа му ја приреди на Макси. Медиумите пишуваа дека Икарди ја изневерил со аргентинската пејачка и актерка Чина Суарес. Меѓутоа Ванда одби да падне на провокација и очигледно преминала преку тоа.

„Не знам што се случило. Нашата приказна е така долга, па мало нешто како ова изгледа безначајно. Икарди е мој сопруг, ние сме заедно и ќе бидеме зааедно цел живот. Тој е со мене речиси цел негов живот. Тој се има заљубено во нормалната јас, во пижами, додека подготвувам паста со пармезан и путер“, изјави Ванда.

Таа беше во брак со Макси Лопез до ноември 2013 и дотогаш имаше три деца со него. Во мај 2014 стапи во брак со Мауро Икарди, кој беше клупски другар на Макси Лопес од Сампдорија и соиграч уште од младинските редови на аргентинската репрезентација. Откако стапија во брак, Ванда му беше и агент на Икарди, а особено се прочу кога во 2019 „го продаде“ својот сопруг од Интер во ПСЖ за 70 милиони евра.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Стрес и вознемиреност и за најмалите: Дојава за бомба во скопска градинка и 67 училишта

Следно

Село во јужна Туркије претрпе помала штета, и покрај тоа што лежи на раседната линија

Latest from Blog

Босна славеше против Катар и со една нога е во следната рунда, Швајцарија заврши прва во групата (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја победи репрезентацијата на Катар со 3:1 во Сиетл во натпреварот од третото коло од групата Б на Светското првенство. Со оваа исклучително значајна победа, „Змејовите“ направија

Татко монструм бил во врска со својата 18 – годишна ќерка, таа си пресудила, тој доби минимална казна

Стивен Винсент Чавез, 41, се изјасни за виновен во мај за инцест и обезбедување алкохол на малолетник, а оваа недела беше осуден, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител на округот Вентура, објави Дејли

Јанушев оди под лупа, корупција ќе го чешла

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги разгледува новите наводи за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, и неговата можна поврзаност со компанија регистрирана во Бугарија. Од ДКСК потврдуваат дека имотната

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар
Go toTop