80 ГОДИНИ БИТОЛСКО ПАРТИЗАНСКО СЕМЕЈСТВО ЧУВАЛО КАКО АМАНЕТ СЛИКИ НА ЕВРЕЈСКИ УМЕТНИК, МУ ГИ ПРЕДАДЕ НА НЕГОВИ ИЗРАЕЛСКИ РОДИНИ

March 9, 2023
2 mins read

Стотици цртежи со висок уметнички квалитет изработени од младиот талентиран Евреин од Битола, Гастон Гамлиел, денес на 80-годишнината од депортацијата на Евреите во Треблина, битолското семејството Нашоку му ги предаде делата на роднините на уметникот, семејството Ароести од Израел. Гастон починал во Битола во 1939 од тифус најверојатно на 19-годишна возраст, а неговото семејство ги зачувало цртежите како последен спомен од него. Пред да биде депортирано во 1943 , таткото на Гастон, побарал од партизанот Павле Кипровски од Битола да ги зачува творбите на син му и во иднина да му ги врати на семејството. Но, за жал никој од семејство не се вратил од Треблинка. Па, цртежите останаа на чување како аманет кај Кипровски, а потоа и кај семејството Нашоку во кое се омажила ќерката на партизанот, Аница Нашоку.

Гасон со мајката, братот и сестрата. (Фото: СДК.МК)

„Многу сум возбудена. Ова е непроценливо богатство за моето семејство. Се̍  уште размислувам што ќе правам со нив. Сакам да посетам некои музеи во Израел. Сакам да направам многу добар спомен за нашето семејство преку животната приказна на Гастон. Приказна која ги поврзува народот на Израел и битолскиот“, рече Рејчел Ароести, сега омажена како Фридман која живее во Израел, а е внука на младиот талентиран уметник од Битола.

Аница Нашоку, Рејчел Ароести и Зоран Ѓоргиев. (Фото: СДК.МК)

Семејството Кипровски, а потоа Нашоку со години цртежите верно ги чуваше. Сите спакувани во посебни пликови, неоштетени, како да не се допрени од рака. Во нив преовладуваат портрети, цртежи на мртва природа, мотиви од Битола.

„Семејството Гамлиел живееше кај нас под кирија во нашата стара куќа. За време на војната пред да бидат депортирани , таткото на Гастон ги остави сликите во наследство на татко ми да ги чуваме, ако случајно некој се врати од депортацијата да му ги предадеме. Мојот татко кој беше партизан им понуди да ги префрли в планина и да ги спаси. Ама имаа стара баба на 90 години и не сакаа да ја остават. Така сите заминаа во Треблинка. Гастон имаше два браќа близнаци , сестра, баба, татко и мајка “, раскажува Аница Нашоку.

„Многу сум возбудена. Ова е непроценливо богатство за моето семејство“, вели Ароести. (Фото: СДК.МК)

Досега имале многу можности да ги предадат во музеј, па и да ги продадат. Но, сакале да го исполнат аманетот и да ги дадат на некој од семејството за кого ќе имаат најголемо значење.

„Читајќи ги книгите на историчарот Ѓорги Цолев-Џоџа и гледајќи порано телевизиското интервју на Петар Ставрев со семејството Нашоку, дојде приказната до моите уши. Пред три месеци во Израел на една церемонија сретнав фамилии кои живеат таму, а имаат битолско потекло. Во неврзан разговор Рејчел го спомна презимето на баба ѝ Гамлиел. Тогаш се сетив дека можно е таа да е врската и сакав и да помогнам да се сретнат семејствата“, рече Ѓоргиев кој утре ја промовира неговата книга „Траги на еврејското наследство во Битола“.

Член на семејството Нашоку ги презентира материјалите. (Фото: СДК.МК)

На 11 март 1943 околу 3.000 битолски Евреи беа депортирани во логорот Треблинка, од каде никој не се врати. Битола до денес верно ги чува спомениите за поранешните сограѓани.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДОАЃА ГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ – еве какво време не очекува во следните денови, особено погледнете што не очекува ви сабота и недела (ФОТО)

Следно

Вучиќ за дијалогот со Косово: Не ми паѓа на памет да потпишам капитулација  

Latest from Blog

(ФОТО) USS ABRAHAM LINCOLN – Американскиот носач на авиони беше на море 286 дена, погледнете како изгледа сега

По 286 дена континуирано пловење и екстремно интензивни борбени операции, американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ конечно се закотви во тајландското пристаниште Лаем Чабанг за да може екипажот да се одмори.

Се заканува нова трагедија на Тибет- глечерите пред уривање со над 1.000 жртви и 500 заробени во тунелите

Бројот на жртви од поплавите веќе надмина 1.000, додека спасувачките екипи се тркаат да стигнат до заедниците кои се отсечени по катастрофата на 26 август. Кинеското Министерство за водни ресурси вчера предупреди

Де Ла Фуенте: Родри е Меси на шпанскиот фудбал! (ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Селекторот на шпанската репрезентација, Луис Де Ла Фуенте во интервју за Радио Марка изнесе неколку интересни видувања. Покрај другото тој го пофали Родри, велејќи дека тој е Лионел Меси на шпанскиот

(ВИДЕО) Путин прашан дали Русија ќе гаѓа цели во Британија? Погледнете го одговорот

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција не ја исклучи можноста за напад врз воени објекти во Обединетото Кралство како одговор на британската поддршка за Украина, јавува руската агенција Интерфакс. Путин појасни дека
Go toTop