79 повредени на меч од Регионална лига во Германија

December 2, 2024
1 min read

Околу 80 лица се повредени во големите нереди на навивачите по натпреварот од регионалната германска лига меѓу Карл Цајс Јена и Хеми Лајпциг, соопшти локалната полиција.

Имено, навивачите на двата клуба насилно ги отвориле портите кои ги делеле и жестоко се судриле по вчерашниот натпревар кој се одигра во Јена.

Би-Би-Си јавува дека полицијата употребила солзавец и палки за да ги раздвои навивачите, а во нередите се повредени 65 навивачи, 10 полицајци и пет лица од обезбедувањето.

Пред натпреварот, околу 350 домашни навивачи започнаа ненајавен марш низ градот, фрлајќи пиротехнички средства, по што полицијата била принудена да интервенира.

За време на натпреварот, кој се одигра пред 7.224 гледачи, двете навивачки групи користеле пиротехнички средства.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Невреме предизвикува хаос низ Грција, двајца загинати и повеќе повредени

Следно

Забрана за камиони кај Маврово и на правец Лисец – Попова Шапка

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop