53 режисери и продуценти во отворено писмо до Министерството за култура реагираат на кратењето на годишниот буџет за филмска дејност

September 19, 2023
2 mins read

Вкупно 53 филмски режисери и продуценти испратија отворено писмо до Министерството за култура во кое реагираат на предлогот за кратењето на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходно најава и без консулатации од Агенцијата за филм.

Во отвореното писмо, меѓу потписниците се режисерите Тамара Котевска, Теона Митевска, Ѓорче Ставревски, Дарјан Пејовски, Вардан Тозија, Игор Иванов – Изи, како и продуцентите Роберт Насков, Лабина Митевска, Томи Салковски, Дарко Попов…

Како што пишува во писмото, според неофицијални информации, на предлог од страна на Министерството за култура до Владата на Македонија доставен е предлог за кратење на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходна најава и без консултација со Агенцијата за филм.

Дополнително, според нашите информации, Министерството нема да дозволи ниту користење на средствата од сопствената сметка на Агенцијата за филм на која се акумулираат средства од различни извори.

Доколку овие информации се точни и истите бидат изгласани во Собранието, ќе дојде до целосно блокирање на филмската дејност, бидејќи наведените средства се планирани за проекти од национален интерес кои се во тек на реализација.

На овој начин се нанесува штета на и онака кревката филмска индустрија во Македонија и се доведува во прашање егзистенцијата на филмските автори, продуценти, филмски работници, актери и сите останати учесници во процесите на реализација на филмските проекти, се вели во писмото.

Според режисерите и продуцентите потписници на писмото, блокирањето на овие филмови доведува до голема штета врз македонската кинематографија и на интернационално ниво, бидејќи во проектите учествуваат меѓународни продукции кои се финансирани од национални европски фондови и Еуримаж – најголемиот фонд за европски копродукции формиран во рамките на Советот на Европа.

Континуираната пракса на кратењата на буџетот за филмска дејност на Агенцијата за филм во последните години доведува до системско уништување на дејноста, наспроти зголемувањето на содржините и буџетите во цела Европа.

Сето ова се случува во годините кога македонскиот филм ги постигнува најголемите успеси на интернационално ниво.

Од Министерството за култура бараме повлекување на предлогот за кратење на средства за филмска дејност во тековната 2023 година и овозможување на користење на средствата од посебната сметка на Агенцијата.

Во спротивно, ќе немаме друг избор освен нашиот револт да го изразиме со протести и со повлекување на нашите филмови и ТВ серии од кината, платформите и телевизиите во Република Македонија.

Се надеваме дека нема да бидеме доведени до оваа ситуација и дека предлогот за кратење на средствата за производство на филм ќе биде повлечен од страна на Министерството за култура, се вели во отвореното писмо.

 

1. Тамара Котевска – режисер
2. Теона Митевска – режисер
3. Ѓорче Ставрески – режисер
4. Даријан Пејовски – режисер
5. Вардан Тозија – режисер
6. Дина Дума – режисер
7. Марија Апчевска – режисер
8. Игор Иванов – режисер
9. Георги Унковски – режисер
10. Андреј Волкашин – режисер
11. Срѓан Јанакиевиќ – режисер
12. Игор Алексов – режисер
13. Елеонора Венинова – режисер
14. Николче Поповски – режисер
15. Трифун Ситниковски – режисер
16. Лидија Мојсовска – режисер
17. Марко Ѓоковик – режисер
18. Васил Христов – режисер
19. Кристијан Ристевски – режисер и продуцент
20. Кастриот Абдили – режисер и продуцент
21. Батухан Ибрахим, режисер
22. Маријан Гавриловски – режисер
23. Ромир Јакупи – режисер
24. Ибрахим Деари – режисер
25. Мирсад Абази – режисер и актер
26. Авдиљ Тачи – режисер и монтажер
27. Фисник Исмаили – режисер и снимател
28. Андреј Георгиев – режисер
29. Гоце Трајковски – режисер
30. Лабина Митевска – продуцент
31. Марија Димитрова – продуцент
32. Томи Салковски – продуцент
33. Роберт Насков – продуцент
34. Владимир Анастасов – продуцент
35. Ангела Несторовска – продуцент
36. Дејан Илиев – продуцент
37. Иван Унковски – продуцент
38. Ивана Шекутковска – продуцент
39. Елена Станишева – продуцент
40. Јорданчо Петковски – продуцент
41. Сашо Пешев – продуцент
42. Илија Циривири – продуцент
43. Сара Ферро – продуцент
44. Владимир Стојчевски – продуцент
45. Дарко Попов – продуцент
46. Огнен Антов – продуцент
47. Гоце Кралевски – продуцент
48. Атанас Георгиев – продуцент и режисер
49. Роберт Јазаџиски – продуцент
50. Дејан Крајчевски – продуцент
51. Бунјамин Куртиши – продуцент
52. Душан Ефремов – продуцент
53. Сашо Павловски – продуцент и режисер

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Османи демантира дека се сретнал со Груевски во Будимпешта

Следно

Француски ски-центри трајно затвораат заради немање снег

Latest from Blog

Сестрата на Меланија Трамп открИ КАКО МЕЛАНИЈА ИЗГЛЕДАЛА ПРЕД ПЛАСТИЧАРИТЕ ДА ЈА СРЕДАТ

Козметичките хирурзи во разговор со DailyMail.com го коментираа изгледот на првата дама на Америка и заклучија дека таа мора неодамна да стави дополнителни филери за да го освежи лицето. Козметичките хирурзи во

Словачка ќе им забрани на пешаците да се движат со брзина поголема од 6 км/час

Вчера попладне, Парламентот во Братислава усвои измени на законот за сообраќај, со кои ќе се ограничи максималната брзина на тротоарите во урбаните средини на 6 километри на час. Мерката се однесува на

Ураганот се упати кон Бахамите

Националниот центар за урагани на САД во своето последно ажурирање соопшти дека центарот на Мелиса сега е само околу 80 милји (130 километри) од источните Бахами. Се движи кон островската нација со

ЛИНДИТА ЈОВАНОВСКИ СО ЕМОТИВЕН АПЕЛ Албанка ги повика кичевчани да го поддржат нејзиниот сопруг Македонец за градоначалник на Кичево

Професорката Линдита ги повика Кичевчани да гласаат за нејзиниот Александар. Линдита е сопруга на кандидатот за градоначалник на Кичево од ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски кој води по првиот круг на локалните избори. Таа
Go toTop