35 години нема врата на која не тропнал! – Елмази од Битола се уште се обидува да си го поврати земјиштето

December 1, 2024
1 min read

По две години повторно се сретнавме со Џавит Елмази во Битола. Во 1987 година купил земјиште во Битола во таканареченото место „Бистра“, кое тогаш чинело 1.800.000 југословенски динари околу 20 илјади евра склучувајќи заеднички договор со продавачот. Во 1990 година жителите на населбата, како што вели Елмази, покренале судска постапка за негово отстранување од населбата само затоа што бил Албанец. Во таа година судот го прогласил за неважечки договорот меѓу продавачот и купувачот. Иако има многу документи дека земјиштето е негово, сега Џавит не може да и го земе земјиштето на Општината.

„Сè уште нема ништо, поднесовме и до Народниот правобранител, сега ги поднесовме претставките, жалбите уште не се стигнати, немаме одговор од имотно право каде што ја поднесовме претставката“, порача Џавит Елмази.

Џавит вели дека и на суд се изјаснил за враќање на имотот, но одговор од никаде не добил.

„Дадов барање до судот да му го одземе земјиштето на тој господин, имам добиено и овластување, но не ми го даваат овластувањето затоа што велат дека се преселил во Швајцарија а јас сум овде. Затоа сакам мерки да преземе и судот“, вели Џавит Елмази.

Единствена институција која му помогна беше Канцеларијата на народниот правобранител  во Кичево. Од тука ни рекоа дека поднеле повеќе барања до општина Битола и во двата случаи се докажало дека барателот Џавит Елмази не се јавил на повикот за комплетирање на документацијата во рокот предвиден со закон.

„Во првото барање за појаснување упатено до општина Битола, добиен е одговор во кој се нагласува дека причината за одолжувањето на постапката е што се очекува г-дин Елмази да го исполни барањето од Законот за постапување со изградени објекти без дозвола, постапката да се продолжи и да се донесе одлука по барањето кое редовно беше известувано од Канцеларијата на народниот правобранител – Кичево и му беше предложено истото да го направи што е можно поскоро. Во второто барање за образложение, информации и докази поврзани со она што е истакнато во поднесокот, општина Битола ја известува Канцеларијата на народниот правобранител – Кичево дека не се исполнети условите и не е можно продолжување на постапката за предметниот случај“, вели Илбер Руфати.

Потсетуваме дека во 2022 година од Општина Битола за ТВ21 изјавија дека имотот е на име на Република Македонија. Но во документот од Катастарот стои дека Елмази со писмен договор го купил земјиштето од Јован Димовски. Имотот на Димовски гласел до 1990 година, токму кога судот го поништил имотниот договор меѓу Џавит и Јован и оттогаш ова земјиште и е дадено на општина Битола. Во 2010 година, други две лица станале сопственици на дел од тоа земјиште, а дел и понатаму останува на Општината. Дека земјиштето било на Џеват Елмаз потврдува и месната заедница „Димче Џан Поповски“ од Битола. Велат дека врз основа на доказите и документите што ги поседува оваа месна заедница, произлегува дека на 11.11.1987 година Џавит Елмази го купил местото од Димовски Петков Јован.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Макроата на Бразилките во Скопје ги „переле“ парите со тргување со криптовалути

Следно

Со ваша помош dm донира 448.730 денари за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop