32,3% Од албанците во Општина Бутел имаат позитивно мислење за Дарко Костовски!

February 21, 2025
1 min read

Во текот на вчерашниот ден беше спроведена анкета врз 1100 испитаници, анкетата ја спроведе сериозна рејтинг куќа ИПИС.

Дарко Костовски ужива голема доверба кај албанците во Општина Бутел, дури 32,3% позитивно се изјасниле за работата на градоначалникот Костовски.

Додека кај етничките македонци Костовски ужива рејтинг како ретко кој градоначалник во историјата на независна Македонија. Дури 68% од етничките македонци се произнесле дека имаат позитивен став за Дарко Костовски.

На прашањето дали Дарко Костовски работи подобро од претходникот градоначалник Велимир Смилевски, вкупно гледано и од етничките албанци и од етничките македонци, 61% се изјасниле дека работи подобро, додека 15% се изјасниле дека работи полошо од претходникот.

На прашањето за кого би гласале на следните избори помеѓу Дарко Костовски и Велимир Смилевски, вкупно гледано од сите етнички заедници, за Дарко Костовски одговориле 45%, За Велимир Смилевски 7,3%.

Со оваа анкета се гледа јасна доминација на актуелниот градоначалник Дарко Костовски, со невидената работа на терен до сега, и со исполнување на сите дадени ветувања тој ужива голема доверба во граѓаните на Општина Бутел.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петрушевски: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски, и менува ли курс по паметот на Левица?

Следно

Монетарни движења: Пад на депозити и раст на кредити во јануари 2025

Latest from Blog

Aкушерки се обучуваа за напредни техники и вештини, со акцент на природно породување

Програмата на англиски јазик за доживотно учење „Advanced Clinical Skills in Labour and Childbirth“, што ја реализира Центарот за едукација и доживотно учење (KEDIVIM) при Универзитетот на Западна Македонија, претставува значајна инцијатива

Петрушевски: Со злоупотреба на службена положба преку местење на тендери вредни 8 милиони евра, кадри на СДС и ДУИ се збогатиле за 2 милиони евра

Поранешниот директор на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и кадар на ДУИ, а одобрен од СДС, Бујар Дардишта, заедно со уште 32 лица е осомничен за перење на пари во висина

Ливерпул носи ѕвезда на Баерн од 65 милиони долари?

Фото: Баерн Минхен Иако Ливерпул во последните денови беше во центарот на вниманието поради ситуацијата околу Мохамед Салах, кој изјави дека чувствува дека клубот го „фрлил под автобусот“, раководството на „Енфилд“ веќе

Украина тврди дека нејзини беспилотни летала собориле два руски Су-27 на Крим

Безбедносната служба на Украина (СБУ) денес објави дека беспилотни летала со долг дострел на Центарот за специјални операции „Алфа“ собориле два авиони Су-27 на рускиот аеродром Белбек на Крим. „Еден од авионите
Go toTop