20 години ветувања за вода во населбата 146 – Жителите иронични: За толку години и од небо ќе стигнеа

February 20, 2025
1 min read

Ова е населбата 146 во Тетово.

Пред 20 години започна проект за решавање на проблемот со водата за пиење, но никако да заврши.

Жителите со иронија велат дека за 20 години и од небо ќе стигнеле со проектот. Веќе не веруваат дека некогаш воопшто ќе биде завршен.

-Никогаш. Ајде влези да ги видиш моите буриња што ги носам од Текето и го полнам хидрофорот. Овде ставија црево пред една година! Но, кога ќе дојде?! Кога ќе дојде судниот ден! Оваа моја генерација нема да успее, а уште пар генерации нема! 20 години се зборува дека ќе го направат, ќе го донесат, од небо до сега ќе го донесеа, не знам какви манипулации се случуваат?! – велат жителите.

Жители: Немаме вода.

ТВ21: Како се снаоѓате?

Жители: Како и да е, полнат во градот и доаѓаме.

Жители: Како се снаоѓаме?! Од потоците, што да правиме?! Вода нема никаде! Никогаш не доаѓа овде, затоа што никогаш не носат, само лажат, само со лаги! Ги полниме бунарите, кој има. Што можете да направите, тука е „див запад“.

Од општина Тетово велат дека работите ќе започнат во март. Ќе ја спроведат главната цевка од филтер станицата до базенот кој е изграден.

-Водоводната мрежа е завршена, а и резервоарот е веќе подолго време завршен останува само прашањето за главниот цевковод од филтрационата станица во Лисец до резервоарот во 146, а секако од водоводната компанија „Шара“ не информираа дека поради лошите временски услови не можеле да работат на терен, а секако од март ќе започнат работите, изјави Бесарта Рамадани, портпаролка на општина Тетово.

Населбата интензивно се развиваше по 2002 година и сега има над 2000 домаќинства. Оттогаш неколку градоначалници ветија дека ќе го средат проблемот со водата, но досега никој не го исполни ветувањето.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шамбевски: Присуството и обраќањето на CPAC, победа на Мицкоски и Македонија

Следно

Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, најави министерката за образование Јаневска

Latest from Blog

„Д-р Баткоски“ го носи Охрид на мапата на светската стоматологија

Сместен во Охрид, стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ е приватна здравствена установа која во последната деценија изгради препознатливост по комбинацијата од врвна технологија, силен професионален тим и топол, човечки пристап кон пациентите. Токму

Видео: Божиќната елка во Витлеем првпат осветлена од почетокот на војната во Појасот Газа

Во текот на двете години војна во Појасот Газа, сите јавни прослави на Божиќ беа откажани во Витлеем на окупираниот Западен Брег, каде што христијаните веруваат дека е роден Исус. Меѓутоа, по

Силен земјотрес ја погоди границата меѓу САД и Канада

Силен земјотрес со магнитуда од 7,0 степени ја погоди оддалечената област на границата помеѓу американската држава Алјаска и канадската територија Јукон во неделата. Не е издадено предупредување за цунами, а официјалните лица
Go toTop