14. МАКЕДОКС ОТВОРА СО „НАД РУДНИКОТ“ НА 17 АВГУСТ, НОСИ 75 ДОКУМЕНТАРЦИ И НАД 100 ГОСТИ

August 10, 2023
2 mins read

Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс по 14. пат ќе се одржи од 17 до 24 август во Скопје. Мотото е #пресечи (#cutit), а во фокус е монтажата на документарниот филм. Фестивалот ќе се одржи на 4 локации: Куршумли ан, платото на Музеј на Македонија, Младински културен центар (МКЦ), Даут пашин амам и новото летно кино во Сули ан.

„Најавуваме богата фестивалска програма со повеќе од 100 странски гости, професионалци од документарниот свет“, рече на денешната прес-конференција Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот.

Отворањето e во Куршумли ан со проекција на филмовите „Над рудникот“ на Тео Аудоар и Лова Карлсон (Франција) и „Танцувајќи ја Пина“ на Флоријан Хејсен Сиоб (Германија), проследени со концерт на локалната група „Искра“.

Филмската програма e распоредена во пет категории – Главна програма, Нови автори, Кратки документарни филмови, Студентски документарци и Програмата за деца и младинци. Земја во фокус годинава е Данска.

„Како и секоја, така и оваа година, доста долго време гледавме и ги ‘динставме’ документарните филмови за на крајот да пресечеме и измонтираме програма со околу 75 филмови кои ќе бидат прикажани на МакеДокс. Монтажата како процес на работа и барање на повеќеслојност во филмската документарна приказна е во фокусот на овогодишното издание, а по тој повод и Земја во фокус одбравме да биде Данска. Заедно со Данскиот филмски институт скроивме програма од 12 дански долгометражни филмови, а го поканивме и светски познатиот дански монтажер Јеспер Осмунд да одржи работилница, со оглед на тоа што данските документарни филмови се секогаш добро скроени, дури доведени до перфекција при монтирањето на филмот“, рече Петрула Вељановска, дел од програмскиот тим на МакеДокс.

На 21 август, после светската премиера на Сараевскиот фестивал,  е најавена и македонската премиера на креативниот документарен филм „Тело“ на режисерката и сценаристка Петра Селишкар. Станува збор за најнов документарец на авторка која досега на МакеДокс ги претставила филмовите „Мојот превртен свет“, „Мама Европа“ и „Бабички на револуцијата“.

На фестивалот ќе се доделат пет награди, „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Награда за најдобри етички идеи, а во жиријата за наградите членуваат 15 интернационални професионалци од документарниот филмски свет.

Мастеркласовите посветени на процесот на монтажа ќе ги одржат српската режисерка Мила Турајлиќ и хрватскиот монтажер Владимир Гојун на 19 и 20 август во Даутпашин амам. Мастеркласот на Турајлиќ ќе биде поврзан со диптихот документарни филмови „Неврзаните: Сцени од фондот на Лабудовиќ“ и „Филмски герили: Сцени од фондот на Лабудовиќ“, кои ќе бидат прикажани во главната програма на 20 август во Куршумли-ан. Инаку, Стеван Лабудовиќ бил личниот снимател на Јосип Броз Тито.

Меѓу значајните сегменти на фестивалот се „Разговорите под смоквата“, кои ќе се одржуваат секој ден во 18 часот во Куршумли-ан и сегментот „Ноќни приказни“ со настапи на локални бендови. За време на фестивалот ќе се одржи втората сесија на петтата генерација „Докуникулци“, кои се дел од работилницата за креативен документарен филм.

МакеДокс во соработка со фестивалот на анимиран филм „Флипбук“ ќе прикаже и неколку наградувани анимирани документарни филмови кои биле дел од програмата „Анидок“.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Приведен дилер на дрога за издржување казна затвор од четири години

Следно

14. издание на „МакеДокс“ под мотото „Пресечи“, од 17 до 24 август на четири локации

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop