13 години од смртта на Киро Глигоров

January 1, 2025
1 min read

 

На денешен ден пред 13 години почина првиот претседател на самостојна и независна Македонија, Киро Глигоров. Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип и тој има активна улога во процесот на политичкото осамостојување на македонија и нејзиното меѓународно признавање.

По референдумот одржан на 8 септември 1991 година на кој граѓаните се изјаснија за независна и суверена држава, Глигоров на 25 јануари 1991 година е избран за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија од страна на Собранието на Република Македонија. 

На 7 март му го доверил мандатот на Никола Кљусев за формирање на првата влада, а по донесувањето на Уставот, сите активности за меѓународното признавање на Македонија ги презел Глигоров. 

На 3 октомври 1995 година, врз него беше извршен атентат во Скопје. На 17 ноември 1999 година го завршува неговиот втор претседателски мандат на 82 годишна возраст. 

Почина на 1 јануари 2012 година на 94 години во својот дом во Скопје. Добитник е на бројни меѓународни награди и признанија – ценет и вреднуван за својата работа од целиот свет.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Туркије изрази длабоко жалење за нападот во Њу Орлеанс во кој загинаа најмалку 10 лица

Следно

Масакр во Цетиње

Latest from Blog

Започна акција за спасување на делфин, кој живее среде Венеција- бродовите може да го убијат (ВИДЕО)

Неговото присуство во близина на плоштадот Свети Марко предизвика кампања за негово спасување поради опасноста од големиот бродски сообраќај, пишува The Guardian. Мимо последен пат беше виден завчера во базенот Свети Марко,

Трагична полициска потера во Бугарија: Автомобил пропадна во езеро, загинаа шест лица (ВИДЕО)

Автомобилот што слета во езерото Ваја бил регистриран во Романија и го управувал Романец. Во него имало 10 лица, вклучувајќи го и возачот, објави Euronews. Според медиумските извештаи, автомобилот „Шкода“ се движел
Go toTop