125.000 ЕВРА ОД ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ ГОДИНАВА ОДАТ ЗА ЦРКВАТА ВО КУРБИНОВО

February 11, 2023
1 min read

Речиси 125.000 евра ќе бидат издвоени од државниот буџет за конзервација и реставрација на црквата „Свети Ѓорги“ во преспанското село Курбиново преку годишната програма на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес.

Според програмата што ја објави министерството, парите се обезбедени преку два проекти за конзервација и реставрација на ѕидното сликарство со 3.900.000 денари и конзервација и реставрација на прва фаза архитектурата и конструкција на црквата трета фаза во износ од 3.710.000 денари или вкупно 7.610.000 денари.

Ако се земе предвид вкупниот инзос на двата проекта, црквата во Курбиново добива најмногу средства од програмата за заштита на недвижно културно наследство. Доколку сумите се разгледуваат одделено, тогаш најмногу средства се предвидени за изработка на програма за дренирање на води и проект за конзервација и реставрација на архитектурата на манастирот во Трескавец, Прилепско со пет милиони денари.

Во Преспанскиот Регион изводени се и еден милион денари за изработка на конзерваторски проект за реконструкција и адаптација на објектот на старото школо во село Љубојно, како и два милиони денари за третата фаза од конзервацијата и реставрацијата на покривот на „Сарајот на Нијази бег“ денешен Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен.

По триста илјади денари или безмалку по пет илјади евра ќе бидат издвоени и за фасадите на спомен куќите на Гоце Делчев и Стив Наумов во Битола. Финансиски поддржани се и три премиери на Народниот театар од Битола и Шекспир Фестивалот, како и фестивалите и друго проекти на Центарот за култура. Директорите на овие две институции Иван Јерчиќ и Маја Андоновска- Илијевски соопштија дека на повидок е и огромниот инвестициски зафат за комплетна реконструкција на објектот каде се сметени и Театарот и Центарот и дека ова е прва капитална инвестиција од кога е пуштен во употреба.

Од годишната програма 239.100 денари (3,9 илјади евра) се наменети за Малиот битолски Монмартр за Светскиот ликовен конкурс „Битола 2О23″, 41. Светска детска ликовна изложба и 42. Меѓународна детска ликовна колонија.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

 

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Елиф Елмас вреди 50 милиони евра, објави Наполи

Следно

Вершинин: Русија е подготвена за преговори со Украина, но врз основа на постоечката реалност

Latest from Blog

Овоштарите во страв по падот на температурите: Доколку се оштетени овошките, ќе влијае на цените

Падот на температурите оштети поголем дел од овошките во Полог, особено црешите, кајсиите, крушите и сливите. Голем дел од нив, според овоштарите, се стопроцентно оштетени. Годинешната сезона, според нив, ќе биде лоша

Лина Ѓорческа елиминирана на турнирот во Словенија

Најдобрата македонска тенисерка во второто коло го заврши настапот на турнирот во Словенија откако претрпе пораз од грузиската тенисерка Екатерина Горгодѕе со 2-1 во сетови. Првиот сет припадна на Горгодѕе со резултат 7-5,

Љутков ги остави без плата вработените во културата на Велигден

Вработените во културата во Република Северна Македонија реагираат со соопштение затоа што министерот за култура Љутков ги остави без плата на Велигден. Соопштението го пренесуваме во целост. „Вработените во културата во Република
Go toTop