Васил Куноски (20 ноември 1916, Дебар – 13 јуни 1993, Скопје) е еден од доајените и основоположници на македонската литература за деца и еден од авторите на првиот Буквар на македонски јазик.
Васил Куноски (1916 – 1993) е еден од основоположниците на современата литература за деца.
Тој исто така работел и на составувањето на првиот македонски буквар и тоа искуство го пренесува со следниве зборови:
Некаде во почетокот на зимата 1944 година бев пријатно изненаден со наредбата на Главниот штаб на НОВ на Македонија, бев ослободен од единицата и одреден да бидам еден од составувачите на тој буквар. Секако, голема беше и довербата и обврската. Првото списание за деца што се појави на 3 јануари 1945 година, тоа беше се – и буквар, и читанка, и лектира и секој друг учебник.“
Куноски работел како уредник во редакцијата на „Детска радост“ при НИП „Нова Македонија“, како и во „Македонска книга“. Бил член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1949 година.
Автор е на голем број книги: „Волшебното ливче“, „Зајче безопавче“, „Страшно, пострашно и најстрашно“, „Светулки над треви“ и многу други. Во соавторство со Ванчо Николески ја напишал и книгата „Гатанки и прашанки“.
Васил Куноски е добитник на повеќе книжевни награди: Младо поколење, 13 Ноември, 11 Октомври (награда за животно дело во 1972). Неговите дела се преведувани на српски, хрватски, словенечки, албански, турски и руски јазик.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ИЗВОР: republika.mk