1 во 45.000

February 20, 2023
1 min read

Уште од почетокот на епидемијата се знаеше дека младите се соочуваат со помал ризик од постарите. Холандски истражувачи сега изготвија  студија која во бројки конечно покажува колкав бил ризикот за смртен исход од корона вирусот. Користејќи податоци од националниот регистар, покажуваат дека дури и кај луѓето во своите триесетти и четириесетти години, ризикот за смртност е речиси пренизок за да се измери. 

Истражувачите ги споредиле бројот на заразени во Холандија во неколку наврати во 2020-та и 2021-ва со вкупниот број на „вишок смрт“. Претпоставиле дека сите такви случаи се резултат на вирусот, што веројатно не ја покажува вистинската слика, затоа што меѓу нив сигурно има и такви што се резултат на предозирање, самоубиство, срцев-удар итн.

Сепак, ова не ја менува големата слика и фактот дека во 2020-та, во Холандија општата смртноста од ковид изнесувала само 1 процент.

„Друго важно што направиле истражувачите, е она што не го направија владите и ковид хистериците, да ги поделат смртните случаи според возрасни групи. Пронајдоците се… просветлувачки“, пишува Беренсон.

Графиконот го прикажува бројот на инфицирани, хоспитализирани и починати при вториот бран во Холандија, секвенца која веројатно ја дава највистинската слика околу смртноста од вирусот. Тоа е периодот меѓу првиот бран и пронаоѓањето на вакцините во 2021-ва (гледајте ја крајната десна колона). 

Истражувачите морале да ги комбинираат смртните случаи под 50 години, затоа што ги имало малку. Тие процениле дека од 10,5 милиони луѓе помлади од 50 години во Холандија вкупно умреле 24 луѓе во втората половина од 2020-та.

10,5 милиони луѓе, 24 мртви. 

Од податоците се гледа дека 1,06 милиони луѓе под 50 години биле инфицирани во тој период. Под претпоставка дека сите 24 смртни исходи биле поврзани со коронавирусот, стапката на смртност за лица помлади од 50 години изнесува 0,002 проценти – 1 во 45.000.

Други истражувања покажаа дека мнозинството од луѓето под 50 години кои починаа од ковид имале два или повеќе здравствени проблеми, како дијабетес па дури и рак. За секој помлад од 50 години што немал тешки здравствени проблеми, ризикот да умре од ковид е речиси пренизок за да може прецизно да се измери.

Дури и за луѓе во своите педесетти, ако ги изземат коморбидитетите, шансите за смртен исход биле 1 во 1.000. За старите, бројките се сосема поинакви. Вирусот убил 36% од заразените над 80 години – значи еден од тројца.

Ништо во оваа студија не треба да биде изненадување за секој кој следеше што се случува последните три години. Сепак, корисно е ова  висококвалитетно истражување од земја која тешко може да се обвини дека ги минимизира ризиците од ковид. Холандија постојано беше под карантини, некои од нив максимално строги. 

„Дали некој од власта некогаш ќе го признае – или можеби извини за – фактот дека 2020 година беше една долга вежба за жртвување на младите за да се спасат старите?“, прашува Беренсон.

 

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПСЖ сака да го врати Томас Тухел

Следно

Блинкен: САД ќе дадат 100 милиони долари помош за жртвите од земјотресот

Latest from Blog

Нетанјаху: Иран ќе плати „многу висока цена“ за нападите врз израелските цивили

Иран ќе плати „многу висока цена“ за намерните напади врз израелските цивили, изјави денеска премиерот Бенјамин Нетанјаху за време на посетата на Бат Јам, јужно од Тел Авив, каде што во ирански

Со Хајмлихов зафат спасена мачка која имала заглавено храна во трахеата

САМСУН (АА) – Мачка со храна заглавена во трахеата во Самсун беше спасена со Хајмлихов зафат (Абдоминално притискање) од страна на лице од обезбедувањето, известува Анадолу. Трахеата на мачката била блокирана од

Алиу открил 57 предизвици во здравството, фокус на онкоболните пациенти

Во првото појавување пред јавноста новиот министер за здравство Азир Алиу за лицата над 40 години најави бесплатни прегледи за дијабетес, притисок, срцеви и црнодробни заболувања. Според него, ова се европски стандарди

Утре ќе се одржи комеморација во чест на Филип Аврамчев: Ќе се збогуваме со визионерот што ги поврзуваше луѓето преку култура и технологија

На 16.06 (понеделник) на платото пред МОБ со почеток од 20:30 часот ќе се одржи комеморација за прерано починатиот Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала, заслужен за извонредните изданија на Skopje
Go toTop