Ампева: Потребни се решенија за животна плата, не само покачување на минималната

October 24, 2024
1 min read

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ истакна дека треба да се фокусираме на животната плата, а не само на покачување на минималецот, откако опозицијата предложи зголемување на минималната плата на 450 евра. Според неа, потребни се суштински решенија, а не политички одлуки.

Бизнис секторот предупредува дека политичките одлуки негативно влијаат на стопанството и државата. Тие бараат нов Закон за ослободување од придонеси за зголемување на платите, по моделот од 2019 година, кој дал добри резултати.

Во текстилниот сектор се чувствуваат последици од недостатокот на нови странски партнери и проблемите на пазарот во ЕУ, особено во Германија. Бошков од Бизнис конфедерацијата нагласи дека ситуацијата на Блискиот исток може да се искористи за привлекување нови партнери.

Според истражувањето на „Гласен синдикат“, работниците во реалниот сектор сè уште примаат минимална плата без додатоци за смена, прекувремена работа и работа на празници.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во август 2024 година изнесува 41.097 денари или 668 евра.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

Следно

Запалено возилото на новинар од Штип

Latest from Blog

Израелски министер: Планот за иселување на Палестинците од Газа „сè уште на маса“

Израелскиот министер за енергетика Ели Коен синоќа изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за дислокација на Палестинците од Појасот Газа „останува на маса“. Говорејќи за израелскиот јавен радиодифузер КАН, Коен

Калин Ивановски поразен на турнирот во Загреб

Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира на главниот М75 челенџер во Загреб, откако беше поразен во последното квалификациско коло од Босанецот Мирза Башиќ со конечни 2-1, по сетови 4-6, 6-3

Касами: Таравари беше Тројански коњ, правеше притисок Владата да нема резултати

Лидерот на Беса Билал Касами го коментираше излегувањето на АА и Арбен Таравари од Владата и заминувањето во опозиција. .  Според Касами, Арбен Таравари избрал да ја игра улогата на тројански коњ

Македонските ракометари во третиот „шешир“

Откако македонската машка ракометна репрезентација во неделата се квалификуваше за Европското првенство следната година, веќе се познати шеширите ладе ќе биде сместена пред ждрепката за завршниот турнир. Македонија е во ист ранг
Go toTop