Ампева: Потребни се решенија за животна плата, не само покачување на минималната

October 24, 2024
1 min read

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ истакна дека треба да се фокусираме на животната плата, а не само на покачување на минималецот, откако опозицијата предложи зголемување на минималната плата на 450 евра. Според неа, потребни се суштински решенија, а не политички одлуки.

Бизнис секторот предупредува дека политичките одлуки негативно влијаат на стопанството и државата. Тие бараат нов Закон за ослободување од придонеси за зголемување на платите, по моделот од 2019 година, кој дал добри резултати.

Во текстилниот сектор се чувствуваат последици од недостатокот на нови странски партнери и проблемите на пазарот во ЕУ, особено во Германија. Бошков од Бизнис конфедерацијата нагласи дека ситуацијата на Блискиот исток може да се искористи за привлекување нови партнери.

Според истражувањето на „Гласен синдикат“, работниците во реалниот сектор сè уште примаат минимална плата без додатоци за смена, прекувремена работа и работа на празници.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во август 2024 година изнесува 41.097 денари или 668 евра.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

Следно

Запалено возилото на новинар од Штип

Latest from Blog

По изгласаната интерпелација, Владата очекува оставка од републичкиот обвинител!

По вчерашното изгласување на интерпелација за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски тој денеска не се огласи со став за изгласаната недоверба и за тоа како ќе постапи. Иако самата интерпелација не значи

ЦИВИЛ: Либерализацијата на продажбата на муниција за цивилни поседувачи на оружје – опасна за безбедноста и за меѓународната положба на Северна Македонија

ЦИВИЛ – Центар за слобода остро ја осудува одлуката на неодамнешната одлука на Министерството за внатрешни работи да предложи измени во Законот за оружје со кој им се дозволува на цивилните сопственици

Обвинение за мотоциклистот што усмрти пешак на пешачка патека и побегна

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвиненителен акт против едно лице во врска со тешка сообраќајна несреќа што се случи на 1 јули годинава на улицата „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, при што

Mагла како „морe од облаци“ ja обви планината Дуртмен во турската област Самсун

СКОПЈЕ (АА) – Планината Дуртмен во турската област Самсун, со надморска височина од 1.650 метри, ја обвива густа магла што создава впечаток на „морe од облаци“, јавува Анадолу. Снимките од воздух на
Go toTop