Ампева: Потребни се решенија за животна плата, не само покачување на минималната

October 24, 2024
1 min read

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ истакна дека треба да се фокусираме на животната плата, а не само на покачување на минималецот, откако опозицијата предложи зголемување на минималната плата на 450 евра. Според неа, потребни се суштински решенија, а не политички одлуки.

Бизнис секторот предупредува дека политичките одлуки негативно влијаат на стопанството и државата. Тие бараат нов Закон за ослободување од придонеси за зголемување на платите, по моделот од 2019 година, кој дал добри резултати.

Во текстилниот сектор се чувствуваат последици од недостатокот на нови странски партнери и проблемите на пазарот во ЕУ, особено во Германија. Бошков од Бизнис конфедерацијата нагласи дека ситуацијата на Блискиот исток може да се искористи за привлекување нови партнери.

Според истражувањето на „Гласен синдикат“, работниците во реалниот сектор сè уште примаат минимална плата без додатоци за смена, прекувремена работа и работа на празници.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во август 2024 година изнесува 41.097 денари или 668 евра.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

Следно

Запалено возилото на новинар од Штип

Latest from Blog

Возачот Васил Јованов осуден на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Возачот Васил Јованов, кој смртоносно ја прегази младата дизајнерка Фросина Кулакова на пешачки премин, поминувајќи на црвено светло, е осуден на 12 години затвор. Тој доби и забрана за управување со моторно

Австралискиот премиер Албаниз положи заклетва за втор мандат

АНКАРА (АА) – Австралискиот премиер Ентони Албаниз и неговиот Кабинет денес положија заклетва за втор мандат откако неговата партија победи на неодамна одржаните избори, јавија локалните медиуми, пренесува Анадолу. Албаниз положи заклетва

Возел со 1,58 промили алкохол во крвта – уапсен ресенчанец 

На 13.05.2025 во 00.40 часот на ул.„Ленинова“ во Ресен, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода Х.Б.(68) од Ресен. При сообраќајна контрола било сопрено патничко

Ретроспективна изложба на Анета Светиева

И оваа година, Националната галерија продолжува со својата мисија. Имаме особено задоволство да го најавиме претставувањето на творештвото на Анета Светиева. Изложбата ќе биде поставена во Даут пашиниот амам до крајот на
Go toTop