Ампева: Потребни се решенија за животна плата, не само покачување на минималната

October 24, 2024
1 min read

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ истакна дека треба да се фокусираме на животната плата, а не само на покачување на минималецот, откако опозицијата предложи зголемување на минималната плата на 450 евра. Според неа, потребни се суштински решенија, а не политички одлуки.

Бизнис секторот предупредува дека политичките одлуки негативно влијаат на стопанството и државата. Тие бараат нов Закон за ослободување од придонеси за зголемување на платите, по моделот од 2019 година, кој дал добри резултати.

Во текстилниот сектор се чувствуваат последици од недостатокот на нови странски партнери и проблемите на пазарот во ЕУ, особено во Германија. Бошков од Бизнис конфедерацијата нагласи дека ситуацијата на Блискиот исток може да се искористи за привлекување нови партнери.

Според истражувањето на „Гласен синдикат“, работниците во реалниот сектор сè уште примаат минимална плата без додатоци за смена, прекувремена работа и работа на празници.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во август 2024 година изнесува 41.097 денари или 668 евра.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

Следно

Запалено возилото на новинар од Штип

Latest from Blog

Цивил: Либерализацијата на продажбата на муниција ја загрозува безбедноста и довербата на ЕУ во нашата земја

ЦИВИЛ – Центар за слобода остро ја осудува одлуката на Министерството за внатрешни работи да предложи измени во Законот за оружје со кој им се дозволува на цивилните сопственици на огнено оружје

Шкендија испиша историја: По 8 години повторно македонски клуб во групна фаза на УЕФА!

По пауза од осум години, Македонија повторно ќе има свој претставник во групна фаза на европско натпреварување под капата на УЕФА. По историскиот настап на Вардар во сезоната 2017/18 во Лигата на

КВИЗ: ЕУ за тебе, а ти за ЕУ?

Подготви се за квизот кој ќе ти ја тестира љубопитноста и знаењето за Европската Унија! Дознај интересни факти, провери колку знаеш за историјата, вредностите и улогата на ЕУ, и откриј како ти

Зошто ВМРО-ДПМНЕ да не одговара за креирање на лажни вести: Откако објави фотографија за одредени цели, истата мистериозно исчезна

На ваквиот обид опозициската партија со силна реакција во јавноста ја разобличи како што велат тие ‘грубата манипулација и лага“. „ВМРО-ДПМНЕ молчешком ја избришаа фотографијата од нивната бен страна, со којашто денеска
Go toTop