Зошто Холандија е една од најсреќните држави во светот?

May 13, 2024
1 min read

Холандија важи за една од најсреќните држави во светот – со најсреќни деца во светот. Родителите во оваа западноевропска земја очигледно имаат јасно утврдени начела и правила на воспитание, пишува „Тајмс оф Индија“ (The Times of India). Следат неколку совети.

Поттикнување на независноста и самостојноста

Холанѓаните, уште од мали нозе, ги поттикнуваат децата да бидат независни и сами да одлучуваат. Ова кај децата негува чувство на самостојност и доверба во сопствените способности, а тоа придонесува за нивната севкупна среќа, но и цврстина и издржливост во животот.

Отворена комуникација

Холандските семејства обично ги одржуваат разговорите отворени, охрабрувајќи ги и децата слободно да ги изразуваат своите мисли и чувства. Ова поттикнува доверба и разбирање во семејната заедница и му овозможува на детето поделотворно да се справува со предизвиците и да бара поддршка кога му е потребна.

Образованието на прво место

Со сосредоточување на образовниот развој, а не само на оценките, децата во Холандија се охрабруваат да ги истражуваат своите интереси, да развијат вештини за критичко размислување и да ги следат своите страсти и она што ги исполнува.

Урамнотежен начин на живот

Родителите во Холандија претпочитаат урамнотежен начин на живот за своите деца, така осигурувајќи се дека малечкото ќе има доволно време за училиште, игра и за семејството. Во таа смисла, се почитува вредноста на одморот и слободното време, коешто помага во справување со стресот и за негување позитивен поглед на животот.

Играње на отворено

Без разлика дали се работи за возење велосипед, неколку часови в парк или шума, децата во оваа земја учат да го ценат престојот под отворено небо уште додека се најмали. Тоа е, како што велат наводите – благотворно и за физичката, и за менталната благосостојба.

Важноста на времето со семејството

Минувањето време заедно со семејството е важно за Холанѓаните, без разлика дали станува збор за ручек, вечера, викенд-патувања или заедничко хоби.

Прифаќање неуспех

Наместо да се плашат од грешка, Холанѓаните ги охрабруваат децата да ги гледаат грешките како можности за раст и учење, поттикнувајќи ја така издржливоста, истрајноста и позитивниот став кон предизвиците.

Грижа на животната средина

Без разлика дали станува збор за рециклирање, намалување на отпадот или учество во проекти за зачувување на природата, холандските деца го ценат и штитат природниот свет.

Поттикнување креативност

Холандските родители ја поттикнуваат креативноста и имагинацијата кај своите деца. Тоа секако обезбедува многу можности за уметничко изразување, истражување, иновации и испробување работи што го интересираат детето.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пријател на Слаѓана Милошевиќ откри непознати детали по смртта на модната икона

Следно

Радев: Преговарачката рамка нема да се ревидира

Latest from Blog

ДЗР: Од 34 општини, гуп-овите на 22 не го исполнуваат стандардот за озеленетост од 25 м2 по глава на жител

Од 34 дури 22 oпштини не го исполнуваат препорачаниот стандард за зеленило од 25 метри квадратни по глава на жител. Ова го покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија на тема

Генералниот секретар на НАТО, Руте: Турција е цврст и способен сојузник

ИСТАНБУЛ (АА) — Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја нарече Турција цврст и способен сојузник, по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во турската престолнина Анкара, јавува Анадолу. „Разговаравме и

Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра

СВР Куманово  поднесе кривична пријава против Ф.С.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “измама” по член 247 од Кривичниот законик. Имено, Ф.С. како вработен во приватна фирма
Go toTop