Иако досега вешто избегнуваше многу незгодни прашања, актерката дури неодамна одлучи еднаш засекогаш да одговори на новинарските прашања на терма родителство.
Во емотивна исповед, таа зборуваше за долгата борба за потомство, но и за тоа зошто никогаш не би посвоила дете.

„Кога луѓето велат: „Но, можете да посвоите“, јас одговарам дека едноставно не сакам да посвојам“, рече 56-годишната ѕвезда од серијата „Пријатели“ и додаде:
„Тоа е единствениот начин. Себичен или не, што и да беше – тоа е она што го сакав“, додаде таа.
Во една прилика, таа откри за „The Wall Street Journal“ дека има голема поддршка од долгогодишниот пријател и колега Адам Сандлер. Како што вели, тоа многу ѝ значи, а неговото внимание е повеќе од прекрасно.

Имено, секоја година, на Денот на мајките, актерот и неговата сопруга Џеки испраќаат букет цвеќе на адресата на Џенифер. Тоа е нивниот начин да ја поддржат актерката во нејзината долгогодишна борба за потомство.
Извор: vecer.mk


