ЗНМ го осудува селективниот пристап на Владата за акредитација на медиуми

February 3, 2023
1 min read

Здружението на новинарите на Македонија остро го осудува селективниот пристап на Владата за акредитирање на одредени медиуми за следење на настанот на кој ќе се одбележува 151-вата годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Реакцијата на ЗНМ ја пренесуваме во продолжение: 

Доцна попладнево, дел од македонските медиуми добиле негативен одговор во врска со нивното барање за акредитација на овој настан, без никакво дополнително објаснување, иако апликациите биле поднесени во бараниот рок. По денешните забрани за пристап до локацијата каде што ќе се одржи одбележувањето на овој значаен датум, ЗНМ денеска по вторпат реагира за ситуација во која што новинарите се спречени да ја вршат работата професионално, што пак носи ризик од недоволна информираност на јавноста.

Потсетуваме дека новинарите и медиумските работници имаат право да бидат присутни на настан од јавен интерес бидејќи тоа е дел од нивната работа, исто како и сите други јавни функционери кои ќе бидат дел од манифестацијата.

ЗНМ вечерва испрати и допис до Владата на РСМ во кој бара да се објасни и воедно да се промени одлуката за акредитирање на конкретните медиуми, со цел истите да можат утре да го проследат настанот.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Осудуваме цензура на медиуми и новинари, Ковачевски и владата прво забрануваа новинарски прашања, вечерва забрануваат известување за чествувањето на Гоце Делчев

Следно

Уште една Бразилка, четврта по ред ќе игра за ЖФК Љуботен

Latest from Blog

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето

Свештеникот упати трогателна порака до трите мали деца на Жота на неговиот погреб

Жота и неговиот брат загинаа во сообраќајна несреќа што се случи по полноќ во четвртокот, кога автомобилот од марката Ламборџини излета од патот и се запали. Браќата беа погребани денеска во родниот

ЕУ подготвува опции за санкции додека притисокот врз Израел расте

ЛОНДОН (АА) – Европската Унија се очекува да претстави серија можни казнени мерки против Израел следната недела како одговор на неговите дејствија во Газа, иако поделбите меѓу земјите членки го прават нивното
Go toTop