Знаци кои нè предупредуваат за прекумерно консумирање на кафе

1 min read

Покрај бројните студии кои укажуваат на бројни придобивки од кафето за нашето здравје, количеството кафе кое го надминува нормалното може да предизвика негативни реакции на телото. Сепак, иако е тешко да се препознаат знаците кои ни кажуваат дека пиеме прекумерни количини од овој омилен пијалак, еве неколку симптоми:

Чувство на вознемиреност

Како што објаснуваат диететичарите, ако често чувствуваме анксиозност и вознемиреност без посебна причина, тоа најверојатно се должи на кафето. Истражувањето спроведено на оваа тема покажало дека луѓето кои пијат премногу кафе се чувствуваат вознемирени во текот на денот бидејќи кофеинот ја зголемува енергијата, а со тоа и хормонот на стресот.

Болки во стомакот

Иако кафето може да биде сигурен пријател на варењето, со консумирање прекумерни количини се зголемува ризикот од појава на дигестивни нарушувања како болка, гасови или непријатни грчеви во стомакот. Научниците неодамна откриле дека одредени соединенија во кафето го стимулираат производството на стомачна киселина во клетките на желудникот, што може негативно да влијае врз процесот на варење.

Проблеми со спиењето

Лошиот сон и несоницата може да се поврзат со бројни здравствени проблеми, но причината може да биде и претераното консумирање кафе. Познат факт е дека кофеинот останува во нашето тело дури пет часа по консумирањето кафе, а тоа може значително да влијае врз квалитетот на сонот.

Извор: kurir.mk

Претходно

Милан по секоја цена сака напаѓач од Бундеслигата

Следно

Излезеноста во Струга до 15 часот 23 отсто, во Вевчани 45 проценти

Latest from Blog