Знаковниот јазик е богат и комплексен јазик кој ја одразува културата и идентитетот на заедницата која има проблеми со слухот

September 23, 2024
1 min read

Народниот правобранител, на овој ден – 23 Септември, кога се одбележува Меѓународниот ден на знаковниот јазик ја истакнува важноста на знаковниот јазик како основно средство за комуникација на лицата со оштетен слух, при што потсетува дека знаковниот јазик не е само алтернативен начин на комуникација, туку тоа е богат и комплексен јазик кој ја одразува културата и идентитетот на заедницата која има проблеми со слухот.

– Овој ден е важен за подигање на свеста за правата на лицата со оштетувања на слухот и служи за поддршка на различноста во комуникацијата, а со крајна цел промоција на инклузијата на лицата со попреченост, се наведува во соопштението од Канцеларијата на народниот правобранител.

Според Народниот правобранител признавањето на знаковниот јазик како природно и основно средство за комуникацијата, е клучно за унапредување на инклузијата и еднаквоста во општеството на лицата со оштетен слух, а поддршката за неговото изучување и користење е важен чекор кон создавање општество во кое се почитува различноста и се вреднуваат лингвистичките и културолошките права на оваа заедница.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Донација на Стопанска банка: Институтот за патологија доби апарат за врвна дигитална дијагностика

Следно

Спиропали: Императив е и за ЕУ и за земјите од Западен Балкан да ги потврдат меѓусебните заложби во процесот на пристапување

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop