ЗЛАТНИОТ ВЕНЕЦ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА ЗА 2025 ЗА СЛОВАЧКИОТ ПОЕТ ИВАН ШТРПКА

March 27, 2025
1 min read

Словачкиот поет Иван Штрпка е добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП) за 2025, соопшти денеска претседателката на Управниот одбор на Фестивалот,  Елизабет Барануаи-Кукунешоска.

Таа кажа дека во 1960-тите години на минатиот век поетите Штрпка и Петер Репка ја основале индивидуалистичката поетска група „Осамени тркачи“. Го напишаа нејзиниот манифест „Враќањето на ангелите“, кој беше забранет. Во него стануваше збор за слободата на мислењето, на животот и на творештвото, за одговорноста на поединецот и за отфрлањето на комунистичката диктатура и цензура. Формираа сопствен начин на пишување и на животни вредности. За време на Кадифената револуција во 1989, Штрпка бил соосновач и активист на движењето „Јавноста против насилството“. Напишал текстови за музички песни за дванаесет албуми на рок-композиторт и пејач Дежо Урсини.

Академик Катица Ќулавкова, в. д. директорката на Струшките вечери на поезијата, Цветанка Маркоска и претседателката на Управниот одбор на Фестивалот, Елизабет Барануаи-Кукунешоска на денешната прес-конференција. (Фото: К. Попов )

„За мене е голема чест и признание да ја примам во Македонија, на еден од најзначајните меѓународни фестивали на современиот свет на поезијата без граници, во Струга, наградата Златен венец. Воедно е и голема сатисфакција да влезам така во прекрасното друштво на одлични поети од целиот поетски свет, толку важни во сето ова време и за мене. Почестен сум што можам отворено да се приклучам кон таквото поликултурно поетско наследство, кон постојаното создавање на единствениот сопствен, жив, неповторлив јазик на човечкото битие, кој го задржува исконскиот ‘баланс меѓу поединецот и општото’ – како што своевремено точно забележа Албер Ками“, вели лауреатот Штрпка во писмото до дирекцијата на СВП.

Матеуш Шимчик од Полска е годинашен добитник на наградата „Мостови на Струга“ за неговата дебитантска збирка „Потребни се извори“.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Уште тројца повредени од пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш

Следно

Иван Штрпка добитник на „Златен венец“, Матеуш Шимчик на наградата „Мостови на Струга“

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop