Жоржињо доаѓа во Арсенал од Челзи за 12 милиони фунти

January 31, 2023
1 min read

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Жоржињо ќе се пресели во Арсенал, тврди новинарот Фабрицио Романо.

Според Романо, страните веќе се договориле за трансфер. „Топџиите“ ќе платат 12 милиони фунти за 31-годишниот Италијанец и ќе потпишат договор до крајот на јуни 2024 година со опција за продолжување на уште една година.

Играчот наскоро ќе биде подложен на лекарски преглед.

Жоржињо е во Челзи од јули 2018 година. Во сезоната 2022/23 тој постигна три гола на 25 натпревари за сините.

Договорот на играчот од средниот ред со актуелниот клуб е со важност до крајот на јуни 2023 година. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ер Србија ќе ја обнови авиолинијата Белград – Охрид од јуни 2023

Следно

Финската полиција нема да дозволи палење на Куранот

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop