Жителите на „Градинар“ во општина Кисела Вода добиваат фекална канализација долга 2,4 километри

March 29, 2023
1 min read

До крајот на април, жителите на населбата „Градинар“ во Општина Кисела Вода ќе добијат фекална канализациона мрежа долга 2.4 километри. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска изврши увид во работата на градежната компанија која во моментот ги изведува последните 250 метри од основниот проект долг 1380 метри, по што се продолжува со изградба на секундарна фекална мрежа долга еден километар.

Со ова, како што информираат од Општина Кисела Вода, околу 900 граѓани добиваат современи услови за живот, кои им се ветувани децении наназад. По завршувањето на активностите за изградба на фекалната канализација, Општина Кисела Вода ќе изврши асфалтирање на теренот. Се работи за улици на површина од околу 12 000 квадратни метри.

– Реализацијата на денешниот проект во населбата „Градинар“ е вистинска дефиниција за тоа што значи нешто да неопходно и што треба да бидат приоритетите на една локална самоуправа. Околу 900 жители на населбата „Градинар“ декади наназад бараа и не добиваа современи услови за живот, бараа нешто што го имаат сите во 21-виот век, фекална канализација. Со задоволство можам да истакнам дека до крајот на април, ќе завршиме со изградбата на фекалната мрежа која е во вкупна должина од околу 2.4 километри и конечно, фекалните води ќе завршуваат во изведените колектори по булеварот „Србија“ и покрај „Усјанскиот Канал“, рече Ѓорѓиевски.

Тој најави дека по ова ќе следи градежен зафат за асфалтирање на улиците, на површина од околу 12 000 квадратни метри, со што целиот проект ќе биде финализиран и жителите од овој дел на Кисела Вода ќе имаат многу подобро секојдневие.  

– Ова е проект кој им го ветив, како итен и неопходен, и претставува доказ дека мојот даден збор вреди. Сите инфраструктурните зафати за надминување на проблеми чие постоење е недозволиво за денешницата, се поставени многу високо на листата на приоритети на моето делување како градоначалник и се надевам дека многу скоро ќе ги надминеме. Кисела Вода ќе продолжиме да ја градиме како модерно и урбано место за живеење, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски при денешниот увид во градежните зафати во населбата „Градинар“.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Берлин им дозволи на просветните работнички муслиманки да носат шамија

Следно

НВО: Во 2022 година зголемен бројот на нуклеарни боеви глави подготвени за лансирање

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop