Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени го потресе јужно Мексико

1 min read

АНКАРА (АА) – Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Мексико, пренесува Анадолу.

Според Националната сеизмолошка служба, епицентарот на земјотресот бил на 49 километри југоисточно од градот Унион Идалго, во сојузната држава Вахака.

Регистриран е на длабочина од 10 километри.

Засега нема јавувања за евентуални жртви или причинета материјална штета.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Најмалку 43 загинати во железничката несреќа во Грција, повредени 85 лица

Следно

САД одобрија продажба на оружје за Тајван во износ од 619 милиони долари

Latest from Blog