Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер го погоди западниот брег на Канада  

April 13, 2023
1 min read

Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на канадската покраина Британска Колумбија, соопшти Американскиот геолошки институт.  

Епицентарот на земјотресот бил на 238 километри југозападно од градот Порт Мекнил, на длабочина од 7,3 километри.  

Станува збор за регион на крајниот југозападен дел на Канада, каде се наоѓа градот Ванкувер, најголем во покраината Британска Колумбија.  

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.  

Земјотресите се вообичаени за брегот на Британска Колумбија, иако обично не со ваква јачина, бидејќи движењето на неколку различни тектонски плочи и зони на субдукција предизвикува илјадници потреси секоја година, пишува „Торонто стар“ 

Геолошкиот институт на САД соопшти дека овој земјотрес бил почувствуван и долж американскиот северозападен брег од државата Вашингтон до јужниот дел на Корона, Калифорнија, на оддалеченост од речиси 2 000 километри. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мелпомени Корнети: Не познавам случај на таква „симбиоза” меѓу симфониски оркестар и џез оркестар под еден покрив во меѓународни релации

Следно

Германија го одобри барањето на Полска за извоз на МиГ-29 во Украина

Latest from Blog

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде
Go toTop