Зеленски за вмешаноста на Украина во нападите на „Северен тек“: Искрено, смешно е

March 10, 2023
1 min read

Информациите за наводната поврзаност на Киев со нападите на „Северен тек“ се шират со цел да се забави помошта на Западот за Украина, смета Зеленски

Украина не е вмешана во нападите на гасоводите „Северен тек“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Тоа е смешно, да бидам искрен“,

им рече Зеленски на новинарите по неодамнешните медиумски извештаи кои ги поврзаа експлозиите на гасоводот со проукраинските групи.

Информациите за наводната поврзаност на Киев со нападите на „Северен тек“ се шират со цел да се забави помошта на Западот за Украина, додаде Зеленски.

„Мислам дека е многу опасно некои независни медиуми, кои секогаш ги третирав со голема почит, да преземаат такви чекори“,

рече Зеленски, пренесува „Суспилне“.

Откако „Њујорк тајмс“ објави дека саботажата на гасоводот „Северен тек“ ја извршила проукраинска група, слична приказна објави и германскиот јавен сервис АРД, кој ја истражувал оваа тема во соработка со уште неколку германски медиуми, меѓу кои и неделникот „Ди цајт“.

АРД објави дека германските истражители – истрагата ја води германското државно правобранителство – успеале да идентификуваат брод што наводно бил користен за тајна саботажа на гасоводот. Наводно, се работело за јахта изнајмена од компанија со седиште во Полска, која е во сопственост на двајца Украинци.

Според истрагата, тајната операција на море ја извршила екипа од шест лица – пет мажи и една жена. Групата се состоела од капетан, лекар, двајца нуркачи и двајца нуркачки помошници кои го транспортирале експлозивот до местото на злосторството и го ставиле таму. Националноста на сторителите останува нејасна, а истражителите веруваат дека користеле професионално фалсификувани пасоши кои наводно биле користени за изнајмување на чамецот.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Германија: Заложничка криза во аптека во Карлсруе

Следно

Зеленски разговараше со Марин, ЕУ може да го зголеми фондот за Украина

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop