Зеленски: Украинците ја преживеаја зимата, но останува руската закана за енергетскиот систем

1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговите сонародници ја преживеале зимата благодарение на напорите на власта да обезбеди електрична енергија и греење, но предупреди дека Русија продолжува да претставува закана за енергетскиот систем на земјата.

„Зимата заврши. Таа беше тешка и сите Украинци, без да преувеличувам, ги почувствуваа тешкотиите“, рече Зеленски во своето традиционално вечерно видео обраќање, кое овојпат го одржа по состанокот посветен на енергетските прашања.

„Ние успеавме да и обезбедиме на Украина струја и греење“, рече тој, додавајќи дека не запира работата за енергетскиот систем да продолжи да функционира.

Во исто време, украинскиот претседател предупреди дека „заканата за енергетскиот систем (на земјата) останува“.

Според традицијата, Украина на 1 март го слави крајот на зимата, иако времето може да продолжи да биде студено.

Русија редовно нанесува намерни ракетни напади врз енергетската инфраструктура на соседната земја. Ваквите напади сериозно влијаат на животот на цивилите, предупредуваат организациите за човекови права, според кои некои овие напади се воени злосторства.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

САД одобрија продажба на оружје за Тајван во износ од 619 милиони долари

Следно

Николоски: Честитки за првата македонска крими-серија „Бистра вода“, ентузијастички проект без денар државна помош

Latest from Blog