Зеленски укина конзуларни услуги за можните регрути во странство

1 min read

Стотици илјади Украинци на воена возраст живеат во странство,  земјата се соочува со сериозен недостиг на војници против побројниот непријател а војната веќе е во 26-от месец.

Тоа е еден од клучните проблеми со кои денес се соочува Украина.

 „Како изгледа тоа сега: човек на регрутна возраст заминува во странство, ѝ покажува на својата држава дека не му е гајле за неа а потоа доаѓа и сака од неа да добива услуги. Не може тоа така“ порача министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба на Икс. „Во војна  сме, престојот во странство не го ослободува граѓанинот од неговите должности кон татковината“.

Во јануари годинава, околу 4,3 милиони Украинци живееле во земјите на Европската унија, од кои околу 860.000 се возрасни мажи, проценува базата на податоци на Евростат.

Во пракса, суспензијата значи дека таквите потенцијални регрути нема да можат да ги обноват пасошите со истечен рок или да добиваат официјални документи, како што се изводи за брак и слично.

Суспензијата ќе важи до 18 мај кога ќе стапи на сила новиот закон за мобилизација по кој, од сите мажи на воена возраст ќе се бара да се пријават во рок од 60 дена. На мажите на воена возраст во странство ќе им требаат тие документи за да добиваат конзуларни услуги.

Во меѓувреме, руските сили полека напредуваат во источна Украина, искористувајќи го акутниот недостиг на артилериски гранати и исцрпеноста на украински војници. Некои од нив се борат уште од почетокот на војната па и порано.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето

Следно

Претседателот на ПСЖ повторно се изјасни против Суперлигата

Latest from Blog