Зеленски разреши висок воен командант на украинската војска

February 27, 2023
1 min read

Во указот на Зеленски, објавен на веб-страницата на украинското претседателство, кусо се наведува дека се бара Едуард Москаљов да биде разрешен од позицијата командант на обединетите сили, без притоа да даде објаснување за овој потег

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на 26 февруари го разреши воениот командант Едуард Москаљов кој помагаше во водењето на борбата против руските трупи во источниот дел на земјата, пишува Ројтерс.

Во указот на Зеленски, објавен на веб-страницата на украинското претседателство, кусо се наведува дека се бара Москољов да биде разрешен од позицијата командант на обединетите сили.

Инаку командантот Москољов беше вклучен во битките во регионот Донбас, а беше назначен на функцијата од март 2022 година, непосредно откако Русија ја нападна Украина.

Засега не се знае дали отпуштањето на воениот командант е поврзано со неодамна започнатата акција за борба против корупцијата во Украина, во која беа разрешени повеќе државни функционери.

Украинската национална медиумска агенција „Укринформ“ пишува дека на 11 февруари годинава Зеленски го разрешил и Руслан Џиуба од позицијата заменик-командант на Националната гарда на Украина.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Незнаењето го плаќаме со живот: Порака од човек кој работел на железничката станица во Илинден

Следно

Зеленски го разреши командантот на украинските здружени сили генерал-мајор Москалов

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop