Зеленски: Помошта на Полска и Литванија во тенкови може да биде пример за другите земји

January 12, 2023
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека воената помош во тенкови што ја најавија Полска и Литванија може да значи дека и другите земји ќе го следат нивниот пример.

„Полска и Литванија можат стратешки да започнат чекори за набавка на тенкови за Украина“, изјави Зеленски за полската државна телевизија ТВП Инфо, откако полскиот претседател Анджеј Дуда објави дека Варшава ќе испрати тенкови Леопард во Киев.

Дуда вчера по состанокот со литванскиот претседател Гитанас Науседа во Лавов, објави дека Полска ќе испорача тенкови Леопард од германско производство на Украина, додека Наузеда рече дека Литванија ќе испорача противвоздушно оружје и муниција.

Полска претходно ги објави плановите за испорака на 10 главни борбени тенкови Леопард 2 на Украина.

Досега Украина добивала голема воена помош од голем број западни земји, најмногу од САД, Велика Британија и Германија, но досега немало испораки на тенкови, иако тоа го побара Киев.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Специјален истражител ќе го разгледа начинот на кој Бајден постапува со доверливите документи

Следно

Клековски: СДСМ за да остане на власт е спремен се повеќе да ги спушта нивоата на државата надоле

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop