Зеленски: Имав суштински разговор со премиерот на Северна Македонија

January 9, 2023
2 mins read

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на брифинг со новинарите на кој ги претстави приоритетите што ќе бидат во фокусот на едногодишното претседавање на земјава со ОБСЕ, меѓудругото посочи дека Украина ќе доминира со претседавањето на С Македонија со ОБСЕ, а каква ќе биде комуникацијата со Русија и дали таа ќе се претвори во некаков суштински дијалог ќе зависи од тоа кој ќе биде односот на Москва кон принципите и заложбите на Организацијата

Претседателот на Украина Володимир Зеленски, на социјалните мрежи објави дека имал телефонски разговор со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

„Имав суштински разговор со премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски на почетокот на претседавањето со ОБСЕ на Северна Македонија. Разговаравме за ризиците од ескалација на фронтот, натамошната одбранбена соработка и продлабочување на билатералните односи меѓу нашите земји“,

напиша Зеленски на Фејсбук.

Македонија го презема претседавањето со најголемата регионална безбедносна организација. Во наредните 12 месеци земјава ќе биде на кормилото на ОБСЕ во која членуваат 57 земји од 3 континенти, која се протега од Ванкувер до Владивосток.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на брифинг со новинарите на кој ги претстави приоритетите што ќе бидат во фокусот на едногодишното претседавање на земјава со ОБСЕ, меѓудругото посочи дека Украина ќе доминира со претседавањето на С Македонија со ОБСЕ, а каква ќе биде комуникацијата со Русија и дали таа ќе се претвори во некаков суштински дијалог ќе зависи од тоа кој ќе биде односот на Москва кон принципите и заложбите на Организацијата.

„И тука ние како претседавачи нема да дозволиме никакви компромиси“,

изјави Османи.

Тој во своето излагање потсети дека во моментов во Украина нема мисија на ОБСЕ затоа што Русија стави вето на мисијата, а С Македонија како претседавач ќе треба да најде начин повторно да ја врати Организацијата во Украина.

„Се обидуваше полското претседавање преку некои дополнителни буџетски механизми, избегнувајќи ги основните инструменти на ОБСЕ, за да се врати повторно на терен. Ние ќе треба да најдеме начин како да го вратиме ОБСЕ во Украина, како да придонесеме за да овозможиме прво во воспоставување мир, а потоа, се разбира, и во имплементирање на мирот и во олеснување на животот на луѓето. Во фокусот ќе бидат прашањата како ќе комуницираме со Русија. ОБСЕ можеби е моментално единствената организација каде што има некаква комуникација со Русија и ние комуницираме со Русија, меѓутоа во Виена, но дали таа комуникација со Русија ќе се претвори во некаков суштински дијалог по однос на прашањата на ОБСЕ ќе зависи од тоа кој ќе биде односот на Русија кон принципите и заложбите на ОБСЕ. Ние како претседавачи сме чувари на заложбите и принципите, причините заради кои постои ОБСЕ, столбовите на Организацијата и, ако некој ги руши, вие не можете само поради тоа што сакате да постигнете некаков резултат и консензус да имате таков трансакциски однос и да одите преку тоа. Значи, нема да одиме преку прекршување на заложбите и принципите за кои сме надлежни. Значи ние, Северна Македонија, во 2023 година сме чувар на заложбите и принципите на ОБСЕ преку сите нејзини документи и нема да дозволиме компромис бидејќи ако правиме компромис со основните принципи тогаш чуму организација и што ќе ни е безбедносната архитектура“,

рече Османи.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Со лопати се ринеше снегот, крцкаше на калдрмите, но корзото не се испушташе во старо Скопје

Следно

Декември екстремно топол, температурата за 3,4 степени повисока од просечната

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop