Зеколи Шаќири: Знамето е највисок симбол на националниот идентитет и достоинство и како такво заслужува целосна почит од сите

November 29, 2024
1 min read

Заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири се огласи по вчерашните инциденти при прославите на денот на албанското знаме. Таа изразува длабоко жалење и загриженост за оштетувањето на знамето на Република Македонија.

-Знамето е највисок симбол на националниот идентитет и достоинство и како такво заслужува целосна почит од сите граѓани, без разлика на нивните убедувања или припадности. Секој таков чин не ги претставува вредностите на соживот и меѓусебното почитување кои ние како општество ги промовираме. Ги повикувам надлежните органи да преземат итни мерки за расветлување на околностите на овој инцидент и заштита на нашите национални симболи, вели Зеколи Шаќири.

Заменик министерката апелира на смиреност и свесност на граѓаните и додава дека соработката и почитувањето се единствениот пат до подобра заедничка иднина.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Уапсени осум лица, еден малолетник – реакции по синоќешните инциденти со палењето знамиња

Следно

Романскиот премиер се повлече од претседателската трка

Latest from Blog

Велика Британија ги соопшти темите за самитот на Берлинскиот процес во Лондон: Миграцијата е на прво место

(Амбасадата на Обединетото Кралство го објави воведниот коментар на специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Дејм Карен Пирс, за претстојниот есенски самит на Берлинскиот процес во Велика Британија) За Обединетото

Руска осуда на американските напади врз ИРАН во СБ на ОН: САД ја отворија Пандорината кутија

Русија ги осудува неодговорните, опасни и провокативни потези преземени против Иран, изјави  постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја. САД ја отворија Пандорината кутија.  -Никој не знае какви нови катастрофи и

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Демократска обнова на Македонија ја напушта коалицијата со СДСМ. Ова било решено на седница на Централниот одбор на ДОМ одржана пред два дена, на која, како што велат од партијата, се донесени

Погба има нов клуб

Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед и Јувентус, Пол Погба (32), е пред потпишување за Монако. Погба усно се согласи на двегодишен договор со францускиот клуб од Лига 1 откако
Go toTop