Завршена изградбата на улицата Христофер Жефаровиќ

1 min read

Град Скопје заврши со изградба на улицата Христофер Жефаровиќ, проект кој беше истакнат како неопходен од страна на граѓаните, за безбедно движење на сите учесници во сообраќајот.

-Пред неколку месеци имав можност во населеното место Ченто, заедно со граѓаните од локалната заедница да ја посетам улицата Христофер Жефаровиќ која беше во катастрофална состојба, неасфалтирана и раскопана. Затоа посветивме внимание на барањата на жителите и ја поставивме како приоритет, за движењето на граѓаните во сообраќајот на тој потег да биде безбедно и сигурно. Со оваа одлука излегуваме во пресрет на барањата за изградба на улицата Христофер Жефаровиќ, со цел да се постигне рамномерен развој во урбаниот и руралниот дел на Скопје, порача градоначалничката Арсовска која вчера беше на терен. 

Градежните работи на терен ги изведе Јавното претпријатие Улици и патишта, при што покрај коловозната површина од 2.400 квадратни метри се изведоа пешачки патеки oд 685 метри и површина од 1250 метри квадратни, со цел движењето на граѓаните во сообраќајот на тој потег да биде безбедно и сигурно. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Најголем дел од патниците во „возот на смртта“ во Грција биле студенти, тврди грчка новинарка

Следно

Објавен нов повик за финансиска поддршка за нови авиолинии

Latest from Blog