Затворени стотина училишта во Јапонија по испратени закани за поставени бомби

January 26, 2023
1 min read

Во училишните згради не е пронајден експлозив, а засега нема информации за напади врз ученици и наставници. Поради заканите, многу училишта биле затворени како мерка на претпазливост, иако повеќето од нив се повторно отворени

Јапонската полиција трага по лице кое испратило предупредувања за поставени бомби и смртни закани до стотици училишта, што довело до нивно затворање, пишува Би-би-си.

Заканите биле испратени по факс до средните училишта и универзитетите од број регистриран во Токио. Во Јапонија сè уште најчесто се користат факс машини. Во училишните згради не е пронајден експлозив, а засега нема информации за напади врз ученици и наставници.

Заканите за бомби се ретки во Јапонија, која е позната по ниската стапка на криминал. Првиот бран пораки започнал во понеделникот до училиштата и универзитетите ширум земјата. Во една префектура, Саитама, повеќе од 170 училишта добиле закани за бомби.

Локалните медиуми објавија дека во една порака се тврдело оти биле поставени повеќе од 330 бомби, додека друга гласела: „Поставив голема бомба“. Некои извештаи велат дека со пораките се барале откупнини од 300 000 јени (2 320 долари) до 3 милиони јени.

Во вторникот, пораки со закани за убивање на ученици и професори со рачно изработено оружје биле испратени од истиот број до средните училишта во различни префектури, вклучително и Осака, како и Саитама и Ибараки во близина на Токио. Поради заканите, многу училишта биле затворени како мерка на претпазливост, иако повеќето од нив се повторно отворени.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ќе се реконструира патот од Хиподром кон Илинден

Следно

Голем руски ракетен напад врз Украина

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop