Запрена спасувачката акција во Дњепар: 20 лица и натаму се водат за исчезнати, шансите да се пронајде некој се нула

January 18, 2023
1 min read

Тимовите за вонредни состојби ја прекинаа потрагата по исчезнати лица под урнатините на високата станбена зграда погодена од руски проектил во украинскиот град Дњепар (Днипро), јави ДПА.

Дваесет лица се уште се водат како исчезнати, соопшти службата за цивилна заштита.

– Шансите да се пронајде некој, за жал, се на нула, рече градоначалникот Борис Филатов. Можно е некои од телата да се толку изобличени од пожарот и уривањето на зградата што тешко ќе се најдат, рече тој.

Од нападот во саботата, 45 тела, меѓу кои и шест деца, досега се пронајдени во големиот град во централна Украина во областа Днепропетровск. Околу 80 лица се повредени, од кои 28 се во болница, а голем дел од нив се во критична состојба.

Уништени се повеќе од 230 станови во деветкатницата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

РИА Новости: Првите доброволци од Србија започнаа борбена обука во регионот на Запорожје

Следно

Водици – празник над празниците за охриѓани

Latest from Blog

Танчер на Лејди Гага падна од сцената- пејачката веднаш го прекина настапот (ВИДЕО)

Падот на танчерот се случи за време на настапот на стадионот „Акор“ во Сиднеј, како дел од долгоочекуваната турнеја MAYHEM Ball, пишува „Дејли меил“. Гага го прекина настапот Сиднеј бил погоден од

Најтренд за празничната сезона: Кариран маникир кој ќе се вклопи во се’ што носите (ФОТО)

Влеговме во декември, што значи дека празниците се пред врата. Сè околу нас полека добива празничен изглед, вклучително и маникирот. Сепак, маникирот не мора да биде украсен со светки или типични празнични

Уапсен поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа

Поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа е уапсен вечерва. Како што дознаваме неофицијално, Стафа бил уапсен поради поткуп од неколку десетици илјади евра. Фехми Стафа стана државен правобранител во август 2018 година, а
Go toTop