Започна кампањата „До вас, за вас” – стратешка заложба на македонската полиција

1 min read

Бирото за јавна безбедност при МВР денеска од Струмица ја започна кампањата насловена како -„До вас, за вас“ чии што цели произлегуваат од стратешката заложба на македонската полиција во рамки на концептот за „Полицијата-сервис на граѓаните.

МВР

-Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност на чие чело се наоѓам сме цврсто решени, меѓу мноштвото активности што ги планираме во рамки на нашите законски надлежности и обврски во интерес на индивидуалната и општа безбедност, да дадеме приоритет и на ваквиот облик на активности насочени кон поинтензивно зближување на граѓаните кон полицијата, како нивен кредибилен сервис и партнер. Македонската полиција била и ќе биде секогаш на страна на редот и законите, а примарно во интерес на сите наши граѓани, истакна меѓу другото првиот човек на БЈБ на МВР, директорот Александар Јанев кој што го промовираше почетокот на оваа кампања преку која што граѓаните во наредниот период ќе можат да се запознаат со полициските капацитети, опремата и човечки ресурси, а караванот ќе помине низ сите поголеми градови низ државава.

МВР

Еден од мотивите на оваа активност е преку крајно транспарентен пристап полицијата да испрати јасна порака до граѓаните, но и до локалните власти, дека таа, како институција, односно сервис на граѓаните е целосно отворена и подготвена за тесна соработка не само во поглед на максималното обезбедување на сигурноста на луѓето и на материјалните и природни добра, туку и во поглед на заедничко детектирање и превентивно делување во сите оние области каде што граѓаните во една локална заедница заедно со полицијата ќе увидат потреба или неопходност од благовремено спречување на одредени негативни појави и трендови.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Телото на поранешниот премиер на Шкотска Салмонд со специјален лет ќе биде пренесено во својот дом – објавено видео од последниот говор во Охрид

Следно

Давид Алаба ќе објави крај на кариерата?

Latest from Blog