Западното предавство на слободата

February 23, 2023
1 min read

Во една скорешна колумна во Торонто стар во која се коментира извештајот на судијата Пол Руло за легалноста на Трудовиот закон за вонредни ситуации, се тврди дека зборот „слобода“ во последно време се користи како оружје. Написот е интониран како одбрана од „искривената идеја за слобода… популизмот и дезинформациите кои се распрскани низ социјалните мрежи“.

„Ова звучи како сите едиторијали кои сте ги читале во западните медиуми во ерата на Трамп, кога секоја криза се користеше да да потенцира дека слободата = опасност“, забележува Мат Таиби. 

А не беше одамна, вели тој, кога човек не можеше да излезе надвор без зборот „слобода“ да му заглави во увото, без разлика дали се работеше за Мел Гибсон во Брејв харт или пак за конгресменот Боб Неј кој се занимаваше со идејата помфритот, од  „френч-фрајс“ да се завика „американ фрајс“.

„Тоа беше време кога „слобода“ беше еден од четирите зборови кои ги знаеше претседателот Џорџ Дуплове Буш и секој новофинансиран тинк-тенк или истражувачки центар се чувствуваше обврзан да го залепи зборот некаде во насловот (пример: “The Freedom Center for Freedom Studies.”). Леле бе колку ги сакавме слободите кога Америка за противник имаше суперсила озлогласена поради новото гушење, речиси исто како кога можевме да ја истакнеме омразата на исламскиот фундаментализам кон „декадентниот“ слободољубив Запад. „Тие нè мразат поради нашите слободи“ звучеше многу подобро од „Тие нè мразат затоа што го поддржуваме Израел и крадеме нафта“.

Најмногу од сè, слободата беше мотивирачка пропагандна тема во времето кога богатата Америка пробуваше да ги натера лутите гласачи од малите места да се идентификуваат со огромните корпорации. Роналд Реган беше првиот политичар кој ја усоврши техниката да им ја шитка истата реторика за економска „слобода“ и на сиромашните работници и на гигантските производители (кои наскоро им свртат грб).

Меѓутоа, потоа дојдоа Окупирај го Вол стрит, Трамп, Брегзит, каталонскаста независност…..

За вакви типови проблеми се чита во места како Албанија и Мијанмар, ама во Њујорк или Лондон тоа не може лесно да се проголта. Дотогаш никој не сакаше избори со вистински влог, но наеднаш гласањето не само што повторно беше значајно, туку  честопати „судбоносно.“

После 2016 година, буквално во секој едиторијал во весници како Њујорк Тајмс и Вашингтон пост почна да се бутка идејата дека „правата не се апсолутни“. 

„Така се роди нова ПР кампања која создаде цела една генерација деца од високата класа кои беа убедени дека зад идејата за слобода се крие говор на омраза, незнаење и куп други лоши работи“, пишува Таиби.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Серхио Рамос се повлекува од шпанската репрезентација

Следно

Г7 го повика ММФ да обезбеди помош за Украина до крајот на март

Latest from Blog

Бугарската Влада го „преживеа“ третото гласање недоверба, нови тензии пред влезот во еврозоната

Третото гласање за недоверба кон Владата на Бугарија предводена од Росен Желјазков пропадна. Владата на ГЕРБ, БСП и ИТН, со поддршка од коалицијата “ДПС-Нов почеток” на Делјан Пеевски, не успеа да добие

Нов топлотен бран го пржи Балканот

Македонија ја погодува нов топлотен бран со температури кои надминуваат 40 степени. Жештините го зафаќаат цел регион, а метеоролозите предупредуваат дека високите температури ќе се задржат до средината на следната недела.  Според

Пропалестински активисти протестираа пред Високиот суд во Лондон против забраната на групата „Палестинска акција“

СКОПЈЕ (АА) – Пропалестински активисти денес одржаа протест во знак на солидарност пред Кралскиот суд во Лондон, јавува Анадолу. Коосновачката на групата „Палестинска акција“, Худа Амори, започна правна постапка против британската Влада

Јаневска: Образованието и науката не смеат да бидат фактор за иселување на младите, туку сфери за личен развој и вработување

Во 7 изминати години имаме 17 илјади ученици и 7 илјади студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се спречи, државата не може да гледа перспективна иднина. За овие

Скопје доби ново летно кино на покривот на Сити мол

Скопје Сити Мол во партнерство со Синеплекс го отворија првото летно кино под отворено небо на покривот од трговскиот центар. Скопје е побогато за уште едно градско летно доживување, каде свечено беше отворено првото „Rooftop Open Air
Go toTop